Член на Управниот одбор
Гордана Балтовска е родена во Битола на 26.7.1972 година. Дипломирала на Економски факултет Прилеп во 1997 година, а во 2015 се стекнува со диплома магистер по стратегиски менаџмент на „Бизнис академија Смилевски“ – Битола. Во 2017 година се стекнува со диплома магистер по менаџмент на човечки ресурси на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Во 2019 година се стекнува со титула доктор по менаџмент во образование при Универзитетот „Св. Климент Охридски“– Битола, Педагошки факултет Битола.
Покрај формалното образование, Гордана Балтовска се има стекнато со многу сертификати и уверенија во областа на финансиите и менаџментот.
Во 2016 година се стекна со уверение и лиценца за овластен сметководител издадени од Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) / Министерство за финансии.
Во 2018 година се стекна со уверение за овластен стечаен управник издадено од Министерство за економија на Република Северна Македонија.
Освен формалното образование, Гордана Балтовска има учествувано на многу обуки и семинари организирани од Македонска берза, Министерство за финансии, Министерство за економија, НБРСМ, УСАИД и други институции, како и на меѓународни конференции и семинари.
Исто така, таа е член на Македонската банкарска асоцијација, дел од Комисијата за управување со ризици, членува во Македонското научно друштво – Битола, отсек општествени науки, член е на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС) / Министерство за финансии – како овластен сметководител.
Својата кариера во Стопанска банка а.д. Битола ја започнува во 2001 година, прво како референт, за подоцна да биде именувана за шеф на Служба за управување со ризици, унапредена на позиција директор на Сектор за деловна политика, а во 2013 година директор на Сектор за управување со ризик.
Почнувајќи од септември 2013 година, Гордана Балтовска е член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола и во нејзина одговорност се следните сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за поддршка и финансии, Сектор за усогласеност со прописи, човечки ресурси, АМЛ, ОСИС лице.
тел. бр.: (047) 207 544; 207 566, факс: (047) 207 513
stbbt@stbbt.com.mk