Акционерско собрание 25.04.2024

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА

       Врз основа на член 48 и член 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, СО бр. 02-6487/1/II-7 oд 4.5.2023 година (пречистен текст), и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување седница на Годишно собрание на акционери, НО бр. 02-3787/1/I.1-2 од 21.3.2024 година,


СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

Ј А В Е Н   П О В И К

ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА

52. седница на Годишното собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола на 25.04.2024 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр.21, сала за состаноци на III кат, со следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

I. Процедурален дел

 1. Отворање на Собранието
 2. Избор на работни тела
   2.1. Избор на претседавач
   2.2 Избор на двајца бројачи на гласови
 3. Констатирање кворум за работа на Собранието


II. Работен дел


 1. Разгледување на записникот од 51. седница на Собранието на акционери, одржана на 30.10.2023 година.
 2. Годишен извештај за работењето на Стопанска банка а.д. Битола за 2023 година со прилози:
     - Мислење од Надзорниот одбор на Банката
      - Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај и Мислењето од Надзорниот одбор
 3. Извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи на Стопанска банка а.д. Битола по Годишната сметка за 2023 година со мислење на Друштвото за ревизија „БДО“ ДОО Скопје, со прилози:
     - Мислење од Надзорниот одбор на Банката
      - Предлог-одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето од Надзорниот одбор на Банката
 4. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола за 2023 година, со вклучена оцена од аспект на поединечните членови и колективно, со прилог:
    - Предлог-одлука за усвојување на Извештајот
 5. Годишна сметка на Стопанска банка а.д Битола за 2023 година, со прилог:
    - Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка
 6. Предлог- одлука за покривање на загубата по Годишната сметка за 2023 година на Стопанска Банка а.д. Битола
 7. Предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола
 8. Предлог-одлука за именување членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, со прилог:
    - Мислење на Надзорниот одбор на Банката кон Предлог-одлуката
 9. Предлог-одлука за избор на Друштво за ревизија на Стопанска банка а.д. Битола

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер што има намера да учествува на Годишната седница на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собранието) најдоцна еден час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават во Банката – Сeктор за правни работи и управување со Кабинетот на Управниот одбор.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се одвива во согласност со Статутот и со Законот за трговски друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштва и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.


Во согласност со Законот за трговски друштва, aкционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен Јавниот повик за одржување на седницата на Собранието на акционери на Банката, односно најдоцна до 1.4.2024 година до 16:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката: www.stbbt.mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговски друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик секој работен ден во просториите на Стопанска банка а.д. Битола (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривоје Радосављевиќ“ бр. 21 Битола, како и на интернет-страницата на Банката www.stbbt.mk.


Стопанска банка а.д. Битола

ВКУПЕН БРОЈ НА АКЦИИ И ВКУПЕН БРОЈ НА ГЛАСАЧКИ ПРАВА

ПРЕДЛОЗИ ОД АКЦИОНЕРИ ПО ПРЕДЛОЖЕНИ ТОЧКИ

ПОДАТОЦИ ЗА НОМИНИРАНИ КАНДИДАТИ

ВКЛУЧУВАЊЕ НА НОВИ ТОЧКИ ВО ДНЕВНИОТ РЕД

ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО ТОЧКИТЕ ОД ДНЕВНИОТ РЕД

ОВЛАСТУВАЊЕ НА ПОЛНОМОШНИК НА АКЦИОНЕР НА СОБРАНИЕ

Акционерите на Банката можат да овластат со полномошно друго физичко или правно лице како свој полномошник на седницата на Собранието.

Полномошното се издава во писмена форма со пополнување на образецот за гласање преку полномошник, кој е достапен за преземање од интернет-страницата на Банката (Полномошно за правни лица, Известување, Полномошно за физички лица, Известување, Пример за полномошно).

Во случај акционерот од која било причина да не може да го преземе образецот за давање полномошно од интернет-страницата на Банката, истиот може да користи и други видови обрасци за давање полномошно во писмена форма.

Акционерите се обврзани веднаш да ја известат Банката за секое полномошно дадено во писмена форма со достава на копија од пополнетиот образец на еден од следните начини:

- по електронски пат на адреса stbbt@stbbt.com.mk кога се доставува копија во скенирана форма.

- по писмен пат на адреса:   

СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА

„Добривоје Радосављевиќ“ 21

7000 Битола

Управен одбор

Со назнака „за 52. седница на Годишно Собрание на Стопанска банка а.д Битола“.

Банката може да бара утврдување на личниот идентитет на акционерот како услов за уважување на полномошното, односно за верификација на инструкциите за гласање ако такви му се дадени на полномошникот.

Полномошникот е должен при евиденција на своето присуство на седница на Собранието да го предаде полномошното во писмена форма во оригинал и да презентира документ за идентификација  -  лична карта или пасош.

За полномошници на Собранието можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интерес само под услов ако истите

- претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфиликт на интерес и

- добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници за секоја предложена одлука за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Собранието за која им важи полномошното.

Банката на својата интернет-страница го објавува идентитетот на назначените полномошници кај кои постои конфликт на интерес, како и причините за постоење конфликт на интерес кај полномошниците.

РЕЗУЛТАТИ ОД ГЛАСАЊЕ НА СОБРАНИЕ

ЗАПИСНИК

ПРАШАЛНИК ЗА КОДЕКС ЗА КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ НА КОТИРАНИ АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА