Врз основа на член 48 и член 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, СО бр. 02-9782/1/I-9 од 29.5.2019 година (пречистен текст), и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување седница на Годишно собрание на акционери, НО бр. 02- 8429/1/II.1-16 од 22.4.2020 година,
СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА,
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА
46-тата седница на Годишното собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи на 27.5.2020 година (среда) со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, ул. Добривоје Радосавлевиќ бр.21, сала за состаноци на III – ти кат, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I. Процедурален дел
1. Отворање на Собранието;
2. Избор на работни тела;
2.1 Избор на претседавач;
2.2 Избор на двајца бројачи на гласови;
3. Констатирање кворум за работа на Собранието.
II. Работен дел
1. Разгледување на записникот од 44-тата седница на Годишното собрание на акционери, одржана на 29.5.2019 година
2. Разгледување на записникот од 45-тата седница на Собранието на акционери, одржана на 12.12.2019 година
3. Годишен извештај за работењето на Стопанска банка а.д. Битола за 2019 година, со прилози:
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката
- Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај и на Мислењето од Надзорниот одбор
4. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола за 2019 година, со вклучена оцена од страна на поединечните членови и колективно, со прилог:
- Предлог-одлука за усвојување на Извештајот
5. Извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи на Стопанска банка а.д. Битола по годишната сметка за 2019 година со мислење на Друштвото за ревизија „Мур Стивенс ДОО Скопје“, со прилози:
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката;
- Предлог-одлука за усвојување на Извештајот и на Мислењето од Надзорниот одбор на Банката
6. Годишна сметка на Стопанска банка а.д Битола за 2019 година, со прилог:
- Предлог-одлука за усвојување на годишната сметка
7. Предлог-oдлука за употреба и распоредување на остварената добивка по Годишната сметка за 2019 година на Стопанска банка а.д. Битола
8. Предлог-одлука за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, со прилог:
- Мислење на Надзорниот одбор на Банката кон Предлог-одлуката
9. Предлог-oдлука за измена и дополнување на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола;
10. Статут на Стопанска банка а.д. Битола (пречистен текст)
Се повикуваат акционерите или нивните овластени полномошници да го пријават своето учество на Собранието и да гласаат по точките на дневниот ред, за одлуките и материјалите објавени заедно со Јавниот повик со пополнување на образецот за гласање со кореспонденција, кој е објавен на официјалната интернет-страница на Банката: www.stbbt.mk.
Собранието ќе одлучува само за прашањата што се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите со право на глас, кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред, како и одлуки по точките од дневниот ред.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен Јавниот повик за одржување на седницата на Годишното собрание на Собранието на акционери на Банката. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката: www.stbbt.mk.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин што е во согласност со Статутот и Законот за трговски друштва, односно преку кореспонденција со пополнување на образецот за гласање со кореспонденција.
Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на нивното пополнување и за идентификација на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката: www.stbbt.mk.
Заедно со пополнетиот образец за гласање со кореспонденција, за потребите на идентификацијата, секој акционер физичко лице е потребно да достави и копија од документ за идентификација (лична карта / патна исправа) a акционер правно лице е потребно да достави и копија од важечка тековна состојба за правното лице акционер и копија од документ за идентификација (лична карта / патна исправа) на законскиот застапник на правното лице.
Образецот во оригинал, заедно со погоренаведените документи за идентификација, со назнака „За 46-тата седница на Годишното собрание на акционери“, мора да бидат доставени во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, адреса ул. „Добривоје Радосављевиќ“ 21, 7000 Битола, Сектор за правни работи и управување со Кабинетот на Управниот одбор најдоцна до 26.5.2020 година до 16:00 часот.
Секој акционер, со писмено полномошно може да овласти друго физичко или правно лице како свој полномошник кој ќе гласа во негово име, за што е должен веднаш да ја извести Банката, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното. Деталните информации за начинот на овластување полномошник, обрасците за гласање преку полномошник и начинот на известување за овластување полномошник можат да се најдат на интернет-страницата на Банката: www.stbbt.mk.
Материјалите за Собранието на Банката, како и дополнителни информации, во согласност со Законот за трговски друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Банката на ул. „Добривоје Радосављевиќ“ бр. 21, Битола, како и на интернет-страницата на Банката: www.stbbt.mk.
Стопанска банка а.д. Битола