Субвенциониран станбен
кредит

наменски за купување на нов стан или изгрдаба/купување на нова куќа кои се изградени или се градат согласно со Законот за градење


карактеристики

Наменски:

УСЛОВИТЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТАНБЕН КРЕДИТ СОГЛАСНО ИЗМЕНИТЕ СОДРЖАНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТАНБЕН КРЕДИТ (СЛ.ВЕСНИК БР.101-2 ОД 22.05.2019ГОД) ЌЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ НОВИ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ  НА СТАНБЕН КРЕДИТ ПРИМЕНИ ПО 6.6.2019ГОД.

  • Субвенционирањето на станбен кредит може да се користи само за купување на стан или куќа непосредно од инвеститорот на објектот или изведувачите, односно за изградба на нова куќа, доколку градежно-техничката документација гласи на име на барателот на субвенциониран станбен кредит
  • Субвенционирање на станбен кредит може да се користи само доколку продажната цена по м2 нето корисна површина со вклуен данок на додадена вредност не надминува 900 евра во денарска противвредност по средниот курс на НБРМ на денот на поднесување на барањето за субвенционирање на станбен кредит

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС - 50.000,00 ЕУР

25% сопствено учество во инвестицијата

кредитоспособност од 60% однос рата плата за сите клиенти кои во изминатите 12 месеци биле класифицирани во „А“ категорија на ризик согласно КРИС на НБРМ, за сите останати кредитоспособност од ½ (рата/вкупен приход)

РОК НА ВРАЌАЊЕ

Минимум 240 месеци, а максимум 360 месеци.

НАЧИН НА ВРАЌАЊЕ

со месечна отплата на ануитети


I. СУБВЕНЦИЈА НА МЕСЕЧЕН АНУИТЕТ ќе биди во следниов сооднос во зависност од намената и возраста на барателот/брачниот другар:
1. 50% од месечниот ануитет во првите пет години од отплата на кредитот за купување на нов стан
2. 70% од месечниот ануитет во првите пет години од отплатата на кредитот за купување нов стан се јави физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години
3. 80% од месечниот ануитет во првите пет години од отплатата  за изградба/купување на нова куќа
4. 60% од месечниот ануитет во првите три години, 50% од месечниот ануитет во следните пет години и 40% во следните три години од отплатата за изградба/купување на нова куќа во случај кога се јави физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години се субвенционира
5. 75% од месечниот ануитет во првите пет години од неговата отплата за изградба на надградба/ доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа
6. 50% од месечниот ануитет во првите три години , 40% од месечниот ануитет  во следните пет години и 30% во следните три години  од неговата отплата за изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа кога се јави физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години

II. СУБВЕНЦИЈА НА УЧЕСТВОТО ќе биди во следниов сооднос зависно од намената и возраста на барателот/брачниот другар:
1. 50% од учеството кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, т.е. не повеќе од 6.250 евра во денарска противвредност , за купување на нов стан
2. 70% од учеството кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е. не повеќе од 8.750 евра во денарска противвредност  кога се јави физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години, за купување на нов стан
3. 80% од учеството кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е. не повеќе од 10.000 евра во денарска противвредност за изградба/купување на нова куќа
4. 100% од учеството за изградба или купување на нова куќа, кој не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, односно не повеќе од 12.500 евра во денарска противвредност за кога се јави физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години
5. 75% од учеството кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е.  не повеќе од 9.375 евра  во денарска противвредност за изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа
6.  100% од учеството за изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа, кој не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, односно не повеќе од 12.500 евра во денарска противвредност за кога се јави физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години

Трошок за аплицирање за кредит - 500,00 МКД

Провизија за одобрен кредит - 1%

Трошок за предвремена отплата - нема

Средствата за субвенциониран кредит се неповратни во случај на редовна отплата на субвенционираниот кредит, по истекот на десетата година, односно дванаесетата година од отплатата на кредитот.

Во случај на наплата на субвенционираниот кредит во постапка за присилна наплата, односно извршување, средствата за субвенциониран кредит во сите случаеви доспеваат за наплата заедно со субвенционираниот кредит и корисниците се должни да ги вратат веднаш до Министерството за финансии преку деловната банка.


со месечна отплата на ануитети

услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата)
  • можност за вклучување најмногу еден кокредитобарател (член на потесно семејство)
  • старосна граница - максимум 75 години на денот на достасување на кредитот.За кокредитобаратели кои воедно се јавуваат како заложни должници нема лимит на старосна граница.

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

Административна забрана на плата (доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули), меница***, полиса за осигурување на недвижен имот винкулирана во корист на Банката издадена од компанија прифатлива за

Банката и хипотека на недвижен имот:

1/ Во случај кога од Буџетот на Министерството за финансии субвенционира дел од месечниот ануитет

- сопствено учество од минимум 25% и хипотека на новиот стан,  кредитоспособност од 55% однос рата/плата за сите клиенти кои во изминатите 12 месеци биле класифицирани во „А“ категорија на ризик согласно КРИС на НБРМ, за сите останати кредитоспособност од ½ (рата/вкупен приход);  

- Во случај кога корисникот нема учество од минимум 25%, вредноста на хипотеката (задолжително под залог мора да се остави новокупениот стан) треба да изнесува 1,8/1 во сооднос со кредитот и кредитна способност од 60% за сите клиенти кои во изминатите 12 месеци биле класифицирани во „А“ категорија на ризик согласно КРИС на НБРМ, за сите останати кредитоспособност од ½ (рата/вкупен приход)  или вредноста на хипотеката (задолжително под залог мора да се остави новокупениот стан) треба да изнесува 1,5/1 во сооднос со кредитот и кредитна способност од 55% за сите клиенти кои во изминатите 12 месеци биле класифицирани во „А“ категорија на ризик согласно КРИС на НБРМ, за сите останати кредитоспособност од ½ (рата/вкупен приход).

Доколку станот е во сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за републиката, до добивање на имотен лист на име на купувачот, по одобрување, а пред реализација на кредитот, кредитокорисникот/ците задолжително е да направат солемнизација на Договорот за кредит на нотар. По добивање на имотен лист, обврска на купувачот/ите е да воспостави хипотека на предметната недвижност во корист на Банката

* Кредитната способност ќе се пресметува на ратата која се плаќа по петтата година.

2/ Кога од Буџетот на Министерство за Финансии се субвенционира дел од учеството: 

- Сопствено учество од минимум 25% и хипотека на новиот стан/куќа, освен во случај за баратели или лица во брачна заедница со и со наполнети 35 години кои аплицираат за изградба /купување на куќа со субвенција на учество кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, односно не повеќе од 12.500 евра во денарска противвредност;  55% за сите клиенти кои во изминатите 12 месеци биле класифицирани во „А“ категорија на ризик согласно КРИС на НБРМ, за сите останати кредитоспособност од ½ (рата/вкупен приход). 

Доколку станот е во сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за републиката, до добивање на имотен лист на име на купувачот, по одобрување, а пред реализација на кредитот, кредитокорисникот/ците задолжително е да направат солемнизација на Договорот за кредит на нотар. По добивање на имотен лист, обврска на купувачот/ите е да воспостави хипотека на предметната недвижност во корист на Банката.

каматни стапки

Во случај кога од Буџетот на Министерство за Финансии се субвенционира месечниот ануитет :

  • 2,90% фиксна каматна стапка во првите три години од отплатата на кредитот
  • 3,90% фиксна каматна стапка во четвртата и петтата година од отплата на кредитот
  • 6 месечен ЕУРИБОР + 5% маржа, но и не помала каматна стапка од 6,90% п.а. по петтата година променлива каматна стапка

Во случај кога од Буџетот на Министерство за Финансии се субвенционира учеството :

  • променлива годишна каматна стапка - не повисока од 6 месечен ЕУРИБОР + 4,00 процентни поени на годишно ниво за целото времетраење на отплатата на кредитот - прилагодувањето ќе се врши на шестмесечна основа и тоа на 01.01. и 01.07. секоја година. Во случај кога шестмесечен ЕУРИБОР е негативен, истиот не се засметува

останато

* Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.

* Во случај на предвремена доброволна отплата на субвенционираниот станбен кредит пред истекот на десеттата година од отплатата на кредитот (во случаевите опишани под I.1, I.2, I.3, I.5, II.1, II.2, II.3  и II.5 од делот видови на субвенција) , односно  пред истекот на дванаесетата година од отплата на кредитот ( во случаевите опишани под I.4, I.6, II.4 и II.6 од делот видови на субвенција), средствата за субвенциониран кредит во сите наведени случаи достасуваат за наплата заедно со субвенционираниот станбен кредит и корисниците се должни да го вратат веднаш на Министерството за финансии преку деловната банка.По истекот на петтата година од отплатата на кредитот во случаи од  (во случаевите опишани под I.1, I.2, I.3, I.5, II.1, II.2, II.3  и II.5 од делот видови на субвенција) , односно по истекот на единаесеттата година од отплатата на кредитот во случај ( во случаевите опишани под I.4, I.6, II.4 и II.6 од делот видови на субвенција) корисникот на субвенциониран станбен кредит има право да изврши еднократна делумна отплата со сопствени средства, но не повеќе од 20% од преостанатата главница од кредитотВо случај на предвремена доброволна отплата на субвенционираниот станбен кредит по истекот на десеттата година од отплатата на кредитот (во случаевите опишани под I.1, I.2, I.3, I.5, II.1, II.2, II.3  и II.5 од делот видови на субвенција) , односно  по истекот на дванаесеттата година ( во случаевите опишани под I.4, I.6, II.4 и II.6 од делот видови на субвенција) средствата за субвенциониран кредит се неповратни и корисниците не ги враќаата на Министерство за финансии преку деловната банка.

- Можност за вклучување на (еден или повеќе) кокредитобаратели

* Интеркаларна камата се наплатува од денот на реализација на кредитот до ставање на кредитот во отплата.

** Старосна граница - максимум 75 години на денот на достасување на кредитот. За кокредитобаратели кои воедно се јавуваат како заложни должници нема лимит на старосна граница.

Општи услови за субвенциониран станбен кредит се регулирани во законот за субвенционирање на станбен кредит

Субвенционирање на станбен кредит може да користи физичко лице кое е државјанин на Република Северна Македонија, има постојано живеалиште на територијата на Република Северна Македонија.

Наменски за купување на нов стан или наградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа  или изградба/купување на нова куќа (кои се изградени или се градат согласно со Законот за градење)  чија корисна станбена површина не надминува 150м2.

Субвенционирањето на станбен кредит може да се користи само за купување на стан или куќа непосредно од инвеститорот на објектот или изведувачите, односно за изградба на нова куќа, доколку градежно-техничката документација гласи на име на барателот на субвенциониран станбен кредит.

Субвенционирање на станбен кредит може да се користи само доколку продажната цена по м2 нето корисна површина со вклучен данок на додадена вредност не надминува 900 евра во денарска противвредност по средниот курс на НБРМ на денот на поднесување на барањето за субвенционирање на станбен кредит.

Апликантот за субвенциониран станбен кредит доколку е лице кое не е во брачна заедница треба да има вкупен месечен приход кој не надминува 900 евра во денарска противвредност пресметани по средниот курс на НБРМ на денот на поднесување на барањето за субвенциониран станбен кредит. Доколку апликантот за субвенциониран станбен кредит е лице кое е во брачна заедница, вкупен месечен семеен приход  не треба да надминува 1300 евра во денарска противвредност пресметани по средниот курс на НБРМ на денот на поднесување на барањето за субвенциониран станбен кредит; Апликантот има во негова сосопственост, или во сосопственост со брачниот другар дел од стан/куќа или делови од повеќе станови/куќи кои се стекнати по основ на наследство или дар,  а чија вкупна вредност не надминува 30.000 евра, во денарска противвредност по средниот курс на НБРСМ на денот на поднесување на барање за субвенциониран станбен кредит;

Апликантот имал во негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар само еден стан на територија на Република Северна Македонија кој го продал во период од најмногу три години до денот на аплицирање за добивање на субвенциониран станбен кредит заради купување на поголем стан или изградба/купување на нова поголема куќа за потребите на сопственото домување;

Апликантот имал во негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар само една куќа на територија на Република Северна Македонија која ја продал во период од најмногу три години до денот на аплицирање за добивање на субвенциониран станбен кредит заради купување на поголем стан или изградба/купување на нова поголема куќа или ја руши заради изградба на нова поголема куќа за потребите на сопственото домување;

Апликантот нема во негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар стан, односно куќа на територијата на Република Северна Македонија;

Апликантот нема во негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар стан, односно куќа на територијата на Република Северна Македонија, но има склучено договор за градење со сопственик на куќа, за да изврши надградба или доградба за потребите на сопственото домување;

Апликантот нема во негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост, сосопственост на брачниот другар недвижен имот кој вклучува: земјишта (земјоделски, градежни, шумски и пасишта), деловни згради и деловни простории, административни згради и административни простории, куќи и станови за одмор и рекреација, чија вкупна вредност е поголема од 30.000 евра во денарска противвредност  пресметани по средниот курс на НБРСМ на денот на  поднесување на барање за субвенциониран станбен кредит . Во вкупната вредност не се засметува вредноста на градежното земјиште на кое барателот ќе гради со средства обезбедени со субвенциониран станбен кредит;

Апликантот за субвенциониран станбен кредит или неговиот брачен другар кои отуѓиле, подариле или на друг начин располагале со стан или куќа по 1 Август 2011 година немаат право на субвенционирање на станбен кредит

Апликантот за субвенциониран станбен кредит или неговиот брачен другар не користи друг станбен кредит на денот на поднесување на барањето за субвенциониран станбен кредит.

Во случај кога две или повеќе лица аплицираат за добивање на субвенциониран станбен кредит за изградба/купување на поединечна станбена единицца во рамки на една куќа во зависност од возраста на секој од барателите кои не се брачни другари се одобруваат субвенции согласно случаевите  I.5,  I.6,  II.5 и II.6  опишани во делот видови на субвенцијa;

Субвенционирање на  станбен кредит не можи да се користи за купување на нов стан, изградба/купување на нова куќа  или изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа од физичко или правно лице инвеститор со чии основачи или сопственици, барателот или неговиот брачен другар е поврзано лице согласно со прописите со кои се уредува банкарското работење;

Доколку во период од 10 години од добивање на субвенција, семејството на корисникот на субвенциониран станбен кредит  се зголеми со раѓање на живородено дете или со посвојување на дете, има право на продолжување на периодот на субвенционирање  во случајот кога се субвенционира дел од месечниот ануитет во период од една година во висина од 30% од месечниот ануитет за секое дете, односно кога се субвенционира дел од учеството има право на едногодишна субвенција во висина од 30%  од месечниот ануитет за секое дете.

Кон барањето за субвенциониран станбен кредит се поднесуваат следните документи:

- Барање за субвенциониран станбен кредит - Извод од матична книга на венчани (за лица кои се во брак) односно Извод од матична книга на родени (за лица кои не се во брак),

- Потврда од Агенцијата за катастар на недвижности со која се потврдува дека лицето и неговиот брачен другар немаат во сопственост стан, односно куќа на територијата на Република  Северна Македонија во моментот на поднесување на барањето и дека немале стан или куќа во периодот од 01 Август 2011 до и во моментот на поднесување на Барањето (обезбедува Банката),

- Пред-договор, односно договор, за продажба за станот, односно куќата, заверен на нотар, во случај барателот на субвенционираниот станбен кредит или неговиот брачен другар да имаат во сопственост стан односно куќа, кој/а го/ја продаваат заради купување,

- Потврда од Управа за јавни приходи за висина на износот на приходите на барателот и неговиот брачен другар (обезбедува Банката),

- Решение за утврден данок на имот од Општина не постаро до една година или Проценка на вредноста на недвижниот имот од овластен проценувач каде е наведена вредноста на имотот што го поседуваат (доколку барателот или неговиот брачен другар имаат било каков недвижен имот во моментот на поднесување на барање за субвенционирање на станбен кредит),

- Изјава на барателот и неговиот брачен другар дека не користат друг станбен кредит на денот на поднесување на барањето за субвенциониран станбен кредит дадена под полна морална матерјална и кривична одговорност за вистинитоста, заверена на нотар,

- Изјава на барателот заверена на нотар дека нема да ја издава, отуѓи или дополнително оптовари со хипотека станот/куќата купена или изградена со средства од субвенциониран станбен кредит во период од првите пет години од започнување на исплатата на кредитот  (во случаевите опишани под I.1, I.2, I.3, I.5, II.1, II.2, II.3  и II.5 од делот видови на субвенција)  односно во период од првите 12 години од започнување на исплатата на кредитот во случај ( во случаевите опишани под I.4, I.6, II.4 и II.6 од делот видови на субвенција),

***Се  укинува меницата како инструмент за обезбедување во случаите каде што како обезбедување за кредитот служи солемнизација на Договорот за кредит на нотар.Во случаи кога како обезбедување за кредитот има и жиранти, истите ќе се јават како гаранти-платци во солемнизираниот договорот за кредит.