Станбен кредит со фиксна каматна стапка

  •  Станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 5 години

  •  Станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години


карактеристики

наменски:                                                                                                                                                                                -за купување на недвижен имот-стан/куќа според доставен преддоговор за купопродажба

-за изградба (доградба) на индивидуални објекти со одобрение за градба и соодветен проект

-за рефинансирање на станбени кредити во други банки  

-за купување на недвижен имот-стан/куќа во странство согласно склучен Преддоговор/Договор за купопродажба преведен од страна на овластен судски преведувач

*За прво купување/изградба на семејна куќа/стан којашто е наменета за сопствено живеење се смета ако:
1. ниту физичкото лице, ниту неговиот брачен/вонбрачен другар не користат друг станбен кредит во земјата;
2. физичкото лице, освен кокредитобарателот, доколку тоа не е брачниот/вонбрачниот другар, ќе живее во семејната куќа/станот којашто се купува/гради со станбениот кредит;
3. семејната куќа/станот којашто се купува/гради со кредитот е обезбедување за станбениот кредит;
4. физичкото лице и брачниот/вонбрачниот другар (секој одделно и заедно) немаат во своја сопственост стан/куќа на територијата на Република Северна Македонија, што се докажува со потврда за имотната состојба од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, и
5. ниту физичкото лице, ниту брачниот/вонбрачниот другар не поседуваат друга куќа/стан за којашто сѐ уште нема обезбедено имотен лист.

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

според вредноста на недвижноста согласно преддоговор/договор за купопродажба, намален за износот на сопственото учество

според вредноста на недвижноста согласно преддоговор/договор за купопродажба за кредити со намена за купување на недвижен имот-стан/куќа во странство

МИНИМАЛНО СОПТВЕНО УЧЕСТВО:

*25% сопствено учество доколку предмет на обезбедување е имот (со имотен лист и со лист за предбележување на градба), односно 10% за прво купување/градба

*можност без сопствено учество во следните случаи:

- вредност на хипотека од 1,33/1 во зависност од кредитната способност и локацијата на имотот
- за рефинансирање на станбени кредити во други банки

РОК НА ВРАЌАЊЕ:

- до 360 месеци

ПРОМОТИВНО ДО 30.06.2026г.:

Трошок за аплицирање за кредит - 400,00 МКД

Провизија за одобрен кредит - 2.000,00 МКД

Трошок за предвремена отплата

  • без надомест за предвреме извршена уплата до 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот во тековниот месец;
  • 3% од главницата на кредитот што предвремено се уплаќа, за износи над 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот на кредитот

услови

  • ДСТИ показател не поголем од 45%, освен за прво купување/градба* не поголем од 50%
  • старосна граница - максимум 77 години на денот на достасување на кредитот. За кокредитобаратели кои воедно се јавуваат како заложни должници нема лимит на старосна граница.

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

  • меница и менична изјава, административна забрана на плата/траен налог за пензионери, полиса за осигурување на недвижен имот винкулирана во корист на Банката издадена од компанија прифатлива за Банката и хипотека на недвижен имот
  • ЛТВ показател не поголем од 75%, освен за прво купување/градба* не поголем од 90%

каматни стапки

Каматни стапки Период на фиксна каматна стапка Период на променлва каматна стапка
до 5-та година по 5-та година
3.00% 6М Еурибор +1,639 п.п., но не помала стапка од 5,5%
Каматни стапки Период на фиксна каматна стапка Период на променлва каматна стапка
до 10-та година по 10-та година
3.40% 6М Еурибор +1,639 п.п., но не помала стапка од 5,50%

* Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 

останато

* Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.