Стопанска банка а.д. Битола дел од ГОЛЕМА НАГРАДНА ИГРА!

Стопанска банка а.д. Битола е дел од голема наградна игра ,,Пелистерка - Ваша здрава одлука'' во организација на компанијата Пелистерка.

Прочитај повеќе

БЛАГОДАРНИЦА ЗА СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА ЗА ПОДДРШКА НА ССРИ-Битола и на нашата Европска шампионка Оливера Наковска Бикова

Во текот на минатата година Стопанска банка а.д. Битола донираше средства на Сојузот за Спорт и Рекреација на инвалиди(ССРИ)- Битола.

Прочитај повеќе

Соопштение на Народната банка на РСМ во врска со вчерашниот обид за хакерски напад на веб страниците на домашните банки и Народна банка

Почитувани клиенти, Го проследуваме официјалното соопштение на Народната банка на РСМ во врска со вчерашниот обид за хакерски напад на веб страниците на домашните банки и Народна банка. Ефикасноста на сигурносните системи со кои управуваат банките и Народната банка успешно го спречија обидот за хакерски напад и истиот нема никакви негативни импликации во било кој аспект од работењето на банките.

Прочитај повеќе

Стопанска банка а.д. Битола спонзор на познатиот фестивал на филмска камера ,,БРАЌА МАНАКИ’’ и други културни настани

Стопанска банка а.д. Битола во изминатите неколку денови беше горд спонзор и поддржувач на еден од најзначајните културни настани во нашата земја и на меѓународно ниво - Интернационалниот фестивал на филмска камера ,,БРАЌА МАНАКИ’’. Денеска, со завршувањето на 42-то издание на овој фестивал се заокружуваат неколку извонредни денови во кои Битола живееше во шармот на филмската уметност и магијата на врвните филмски остварувања. Со бројни, познати гости и посетители овој прв и најстар фестивал во светот, кој е посветен накреативностанакинематограферите, под мотото „И покрај сè“ умешно ја преслика страста која може да се доживее на големото платно.

Прочитај повеќе

Стопанска банка а.д. Битола донираше 1.500.000 денари на ФК Пелистер

Стопанска банка а.д. Битола на фудбалскиот клуб Пелистер од Првата македонска лига му донираше 1.500.000 денари. Оваа донација е преку ваучерскиот систем за поддршка на спортот што го одобрува Агенцијата за млади и спорт, а во насока на развој и унапредување на тимот кој остварува одлични резултати во лигата. Во 2017 година кога Пелистер го освои Купот во Македонија, Стопанска банка а.д. Битола беше еден од главните поддржувачи и спонзори на тимот.

Прочитај повеќе