Обезбедување:
Согласно Каталогот за обезбедување и политиката на Банката*
Минимално прифатливо обезбедување:
Хипотека над недвижност и/или залог над подвижни предмети и нотарска меница или солемнизиран договор за кредитна изложеност, со извршни клаузули
Останато:
важи за компании со над 51% приватна сопственост. Бројот на вработени не смее да се намалува за време на отплата на кредитот. Приоритетни клиенти за кредитирање се клиенти кои во тековната во однос на претходната година имаат зголемен обем на работење во висина од најмалку 5% или зголемен извоз од најмалку 5%, кои имаат спроведено вложување во модернизација, заштеда на енергија, заштита на околина, кои го зголемиле бројот на вработени и кои имаат добра пазарна конкурентност (приходи од работење поголеми од расходи од работење, тековна ликвидност поголема од 0,8 и најмалку 30% приходи од извозот)
Забранети дејности за кредитирање:
производство и извоз на оружје, игри на среќа, производство на тутун, активности поврзани со експерименти врз живи животни, активности кои имаат негативно влијание на екологијата, клонирање, активности од областа на трговија со недвижности, проекти со пресметковна вредност поголема од 25 мил.EUR, проекти поднесени од компании со над 250 вработени