Кредит за трајни обртни средства

Кредит
за трајни
обртни средства

Намена: Финансирање на трајни обртни средства потребни за стабилно работење, зголемување на прометот и добивката од работењето


Карактеристики

Износ на кредитот:

Според кредитоспособноста на барателот на кредитот.

Валута на кредитот:

денари (МКД), денарски кредити со девизна клаузула и девизни кредити

Рок на враќање:

до 36 месеци и до 60 месеци со можност за вклучен грејс период.

Рок на користење:

до најмногу еден месец прд истекот на грејс периодот, согласно потребите на клиентот

Начин на враќање:

еднакви месечни, тромесечни или полугодишни ануитети, а во исклучителни случаи и годишни ануитети

Услови

Обезбедување:

Согласно Каталогот за обезбедување и политиката на Банката*

Минимално прифатливо обезбедување:

Хипотека над недвижност и/или залог над подвижни предмети и нотарска меница или солемнизиран договор за кредитна изложеност, со извршни клаузули

Каматни стапки

Каматна стапка:

Согласно Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката

Провизија:

Согласно Тарифа за надоместоци и услуги на Банката.

Останати провизии:

3.000 денари манипулативен трошок за одобрено барање

Валута на кредитот:

Доколку станува збор за девизни кредити или денарски кредити со девизна клаузула реализацијата и наплатата на кредитот се вршат согласно Одлуката за политика на каматни стапки на Банката