Електронско банкарство - инфо

Сервис за брзо, сигурно и едноставно извршување на банкарски активности по електронски пат!

Сервисот на електронско банкарство на Стопанска Банка а.д. Битола е наменето за оние клиенти кои имаат динамичен начин на живот или работа, кои сакаат 24 часа, 7 дена во неделата да имаат увид во својата сметка, да планираат и да ги следат модерните текови.

Корисници на овој сервис можат да бидат:

  • Физички лица.
  • Правни лица.

Трошоци:

Услугата отворање сметка е целосно БЕСПЛАТНА за сите корисници.

Карактеристики и предности:

  • Увид во состојбата на сметките 24 часа;
  • Увид во дозволено пречекорување/резервирани средства;
  • Заштеда на време со можност за плаќање од електронски уред со интернет - пристап;
  • Максимална безбедност! – заштитено од неовластен пристап со користење современи методи на шифрирање и криптирање на информациите, користење дигитален сертификат, корисничко име и лозинка;
  • Креирање шаблони на налози и нивно промeтно или терминско испраќање;
  • Промена на лимити на платежни картички ;
  • Промена на лимити на трансакциски сметки за вршење на плаќање со ПП30 и ПП50 налог ;
  • Електронска архива на сите поранешни трансакции, налози и изводи.

Услови и потребни документи:

Потребно е:

  • Да имате отворено денарска трансакциска сметка во Банката;
  • Да аплицирате лично во експозитурите на Банката;
  • Да поседувате важечка патна исправа (лична карта или пасош).

* се однесува за физички лица

Сигурносни препораки за корисниците на електронско банкарство на Стопанска Банка а.д. Битола

Повеќе информации на следните телефони:

Физички лица: 02/3087-293; 02/3087-294; 
Правни лица: 02/3087-293; 
Техничка поддршка: 02/3087-293; 02/3087-294;
Или на е-пошта: ebank@stbbt.mk