Сервис за брзо, сигурно и едноставно извршување на банкарски активности по електронски пат!
Сервисот на електронско банкарство на Стопанска Банка а.д. Битола е наменето за оние клиенти кои имаат динамичен начин на живот или работа, кои сакаат 24 часа, 7 дена во неделата да имаат увид во својата сметка, да планираат и да ги следат модерните текови.
Корисници на овој сервис можат да бидат:
- Физички лица.
- Правни лица.
Трошоци:
Услугата отворање сметка е целосно БЕСПЛАТНА за сите корисници.
Карактеристики и предности:
- Увид во состојбата на сметките 24 часа;
- Увид во дозволено пречекорување/резервирани средства;
- Заштеда на време со можност за плаќање од електронски уред со интернет - пристап;
- Максимална безбедност! – заштитено од неовластен пристап со користење современи методи на шифрирање и криптирање на информациите, користење дигитален сертификат, корисничко име и лозинка;
- Креирање шаблони на налози и нивно промeтно или терминско испраќање;
- Промена на лимити на платежни картички ;
- Промена на лимити на трансакциски сметки за вршење на плаќање со ПП30 и ПП50 налог ;
- Електронска архива на сите поранешни трансакции, налози и изводи.
Услови и потребни документи:
Потребно е:
- Да имате отворено денарска трансакциска сметка во Банката;
- Да аплицирате лично во експозитурите на Банката;
- Да поседувате важечка патна исправа (лична карта или пасош).
* се однесува за физички лица
Сигурносни препораки за корисниците на електронско банкарство на Стопанска Банка а.д. Битола
Повеќе информации на следните телефони:
Физички лица: 02/3087-293; 02/3087-294;
Правни лица: 02/3087-293;
Техничка поддршка: 02/3087-293; 02/3087-294;
Или на е-пошта: ebank@stbbt.mk