Потрошувачки пакет со ризико осигурување

Потрошувачки пакет со ризико осигурување

-  Денарски ненаменски потрошувачки кредит со ризико осигурување - до 1.200.000,00 ден БЕЗ ЖИРАНТИ

-  Кредитна картичка - Visa/MasterCard Standard - до 3 (три) плати

-  Дозволено пречекорување по трансакциска сметка + специјален лимит на MasterCard Debit - до 5 (пет) плати

-  СМС Известување

-  Електронско банкарство



Карактеристики

Пакетот се состои од 6 производи: кредит, кредитна картичка, дозволен лимит по ТРС, специјален лимит поврзан со МастерДебит, СМС известување и електронско банкарство

Наведените услови важат единствено доколку се искористат сите наведени производи од пакетот

Намена:

1/ненаменски - средствата се префрлуваат на ТРС на корисникот

2/наменски - средствата се користат за затварање на постоечки обврски (30% од износот може да се искористи ненаменски)

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС: 

до 1.200.000,00 МКД кредит

  • Кредитна картичка Visa/Mastercard standard согласно кредитна способност на барателот, лимит  до 3(три) месечни плати најмногу до 500.000,00 денари
  • Дозволено пречекорување по ТРС + специјален лимит на Mastercard debit - до 5 месечни плати од кои:  лимит во висина од 3 месечни плати кои што корисникот на картичката ќе може да ги користи на ПОС и АТМ, без провизија и  специјален лимит во висина од 2 месечни плати кои што корисникот на картичката може да ги користи исклучиво за подигање

РОК НА ВРАЌАЊЕ

до 95 месеци

 Каматна стапка:                                                                                                                                    


со вклучена ризико полиса

 фиксна годишна каматна стапка во првите две години Годишни каматни стапки по втората година
денарски кредит 5.8 % фиксна референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 4,75 п.п.

*7,07% СВТ за износ на кредит од 1.200.000 МКД, каматна стапка 5,8% фиксна за првите 2 години, и променлива каматна стапка од 7,25% за остатокот на периодот, рок на отплата 95 месеци, провизија за одобрен кредит 1,00%

*Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 


Трошок за аплицирање на кредит - 700,00 МКД

Провизија за одобрен кредит:

  • провизија од 1% на одобрениот износ

 Кредитна картичка Mastercard standard:

  • Минимален месечен износ за плаќање - 1% од вкупната вредност на направените трансакции + 100% од сите надоместоци, провизии, редовни и затезни камати - Mastercard standard, односно 5% од вкупната вредност на направените трансакции + пресметана камата за картички од брендот Visa

Дозволено пречекорување на ТРС - Mastercard debit - Провизија за подигање на рати на шалтер

  • 4,5% од износот на трансакцијата за подигање на 3 рати
  • 4,9% од износот на трансакцијата за подигање на 6 и 9 рати
  • 7,5% од износот на трансакцијата за подигање на 12 рати
  • 2% од износот од трансакцијата за подигање на готовина на повеќе од 12 рати


Услови

  • кредитоспособност од 55% рата/плата за сите корисници класифицирани во „А“ категорија на ризик во изминатите 12 месеци согласно извадок од КРИС на НБРм, за сите останати до 1/2 рата/плата
  • старосна граница - максимум 68 години на денот на достасување на кредитот
  • висина на месечни примања за кредитобарателот:
  •   За износи до 300.000,00 ден, најмалку 12.000,00 ден
  •   За износи над 300.000,00 ден, најмалку 18.000,00 мкд

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ *:

До 600.000,00 мкд од 600.001,00 МКД  до 900.000,00 МКД од 900.001,00 МКД  до 1.200.000,00 МКД

Полиса за ризико осигурување издадена од Кроација осигурување АД - Друштво за осигурување на живот винкулирана во корист на СТББТ со рок на важност еднаков со рокот на отплата на кредитот

Меница и менична изјава **, административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули. За износи над 300.000,00 мкд, ако барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот.) За вработени во АД ЕЛЕМ РЕК Битола на неопределено време, за кредити до 600.000,00 ден потребно обезбедување само меница и менична изјава Солемнизација на Договор за кредит со вклучени извршни клаузули, административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот.) Кредитоспособен жирант, (кој ќе се јави како гарант платец), солемнизација на Договор за кредит со вклучени извршни клаузули, административна забрана на плата од кредитобарателот и жирантот. (Доколку барателот и жирантот немаат имот на свое име задолжително е вклучување на  гарант-платец кој поседува недвижен имот.)

* Доколку кредитобарателот е вработен на определено време дополнително е потребен 1 кредитоспособен жирант вработен во некоја од институциите за кои важи овој производ.

** Се  укинува меницата како инструмент за обезбедување во случаите каде што како обезбедување служи солемнизација на Договорот за кредит/кредитна картичка/дозволено пречекорување  на нотар.

*Доколку кредитобарателот е вработен на определено време дополнително е потребен 1 кредитоспособен жирант вработен во некоја од институциите за кои важи овој производ.

** Се  укинува меницата како инструмент за обезбедување во случаите каде што како обезбедување служи солемнизација на Договорот за кредит/кредитна картичка/дозволено пречекорување  на нотар.

Каматни стапки

КРЕДИТ

  • 5,80% фиксна годишна каматна стапка во првите две години
  • променлива годишна каматна стапка по втората година - референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата +4,75п.п.

КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ:

Visa Classic/Gold

  • 9,50% прoмeнлива каматна стапка (референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 п.п.)

Mastercard standard

  • 7,99% фиксна каматна стапка за првата година
  • 9,50% променлива каматна стапка по првата година (референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 п.п.)

ДЕБИТНА КАРТИЧКА - Mastercard debit

  • 9,50% променлива каматна стапка (референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 п.п.)  која се наплаќа на делот од лимитот кој се користи на ПОС и АТМ и на лимитот кој се користи на повеќе од 12 рати

Останато

Платата е задолжително да се прима на ТРС во Банката или да се префрли преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит