Девизни сметки може да отворат физички лица – резиденти и нерезиденти.
Отворање на девизни сметки на физички лица – резиденти:
Резиденти се физички лица со постојано место на живеење во Република Македонија или пак лица кои привремено престојуваат во Република Македонија врз основа на важечка дозвола за престој, односно работна виза во траење не пократко од 6 месеци.
За да отворат девизна сметка, физичките лица – резиденти, треба да поседуваат важечка лична карта или патна исправа и тие да ги презентираат на шалтерите на Банката.
Апликација за регистрирање на клиент физичко лице.
Банката на Имателот на сметката му отвора трансакциска сметка, ако тој ги
исполнува следните услови:
- поднесе барање за отворање на сметка
- пополни Апликација за идентификација/ажурирање на клиент – физичко лице
- пополни Прилог 1 FATCA Прашалник за клиенти физички лица,
- приложи документација која овозможува идентификација на Имателот на сметката, застапникот и лицата овластени за располагање со средствата на сметката имајќи ги предвид прописите, вклучувајќи ги одредбите на законот, кој се однесува на спречување на перење пари и
- ги приложи сите потребни податоци и друга документација во согласност со со важечките прописи и евентуално друга документација, која ќе ја побара Банката.
Документацијата потребна за отворање на сметка, треба да биде презентирана во оригинал или во фотокопија заверена од овластено лице (нотар), при што Банката задолжително задржува фотокопија од презентираната документација.
Банката по приемот на барањето за отворање сметка и целосно комплетираната документација склучува договор за трансакциска сметка и ја отвора сметката или пак го одбива барањето.
Отворање девизни сметки на физички лица – нерезиденти
Странските физичките лица кои престојуваат во Република Македонија можат да отворат сметка во Стопанска банка а.д. Битола на шалтерите на Банката во повеќе градови низ Македонија.
Клиент, странско физичко лице – нерезидент се идентификува со поднесување на:
- важечки документ за идентификација, патна исправа, во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава;
- важечка лична карта, ако лицето доаѓа од држава-членка на Европска Унија или од држава со која Република Македонија има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување на државјани на двете држави (Србија, Албанија и Црна Гора).
Во случај кога во презентираниот документ за идентификација не е содржан некој потребен податок, Банката може да побара друга јавна исправа или заверена изјава кај нотар од клиентот за бараниот податок и негова точност.
Банката на нерезидентот му отвора девизна сметка, ако тој ги исполнува следните услови:
- поднесе барање за отворање на сметка;
- пополни Апликација за идентификација/ажурирање на клиент физичко лице;
- пополни Прилог 1 FATCA Прашалник за клиенти физички лица;
- приложи документација која овозможува идентификација на Имателот на сметката, застапникот и лицата овластени за располагање со средствата на сметката имајќи ги предвид прописите, вклучувајќи ги одредбите на законот, кој се однесува на спречување на перење пари, и
- ги приложи сите потребни податоци и друга документација во согласност со со важечките прописи и евентуално друга документација, која ќе ја побара Банката;
- поднесе Изјава за запознавање со прописите во Република Македонија, според кои клиентот се идентификувал со статус како нерезидент во банката.
Банката по приемот на барањето за отворање сметка и на целосно комплетираната документација склучува договор за девизна сметка на нерезидентот и ја отвора сметката, или пак го одбива барањето.
Со сметката може да управува лицето кое ја отворило сметката, или од него овластено лице кое има депонирано свој потпис.
Лице овластено за работа со сметките на нерезидентот – физичко лице, се идентификува со сопствен важечки документ за идентификација соодветен на статусот на клиентот и писмено овластување потпишано од сопственикот на сметката, во оригинал или заверена копија кај нотар/овластена институција во домицилната држава.
Кај странските физички лица – нерезиденти, трансфер на средства во странство и подигање ефективни девизни средства се врши без ограничувања