За испраќање девизни средства во странство со дознака, потребно е да се достават до Банката следните податоци:
- Име и презиме на лицето или назив на фирмата - корисник на плаќањето
- Точна адреса
- Бројот на сметката или IBAN-бројот
- Името на банката кај која корисникот има сметка
- Адреса на банката или филијалата
- Бројот на филијалата, т.е. Sort Cod, ABA број или BLZ (доколку постои можност)
- SWIFT Cod на банката (кодот е задолжителен)
Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент може да му испрати средства во странство на друго физичко лице – жител на странска земја – нерезидент, максимален износ од ЕУР 2.500 месечно.
Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да му испрати средства во странство на правно лице со седиште во странска земја – нерезидент, износ кој не е лимитиран, но за кој мора до Банката да достави валиден документ, од кој ќе се види основот на плаќањето: фактура, профактура, договор или друго.
Трансфери во странство на домашни физички лица – резиденти, кои се однесуваат на семејни животни трошоци (престој во странство заради школување, лекување и други трошоци), како и за лични трансфери на средства во противвредност до ЕУР 2.500 месечно, може да се извршат и без презентација на соодветен документ, доволна е информација. За трансфери поголеми од ЕУР 2.500 задолжително се доставува документ врз основа на кој ќе се утврди основот на плаќање.
За трансфер од физичко лице – резидент, на сопствена сметка во странска банка, важат правилата според Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство и нејзините дополненија.
Банката е должна налогот за плаќање 1450 да го изврши со датум на валута најдоцна третиот ден од денот на прифаќање на налогот, освен ако со налогодавачот не е поинаку договорено.