Платен промет во земјата

Учесник во платен промет е домашно или странско, правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќање во денари преку носителите на платниот промет.

Платежна сметка претставува единствен и неповторлив нумерички податок кој служи за идентификација на учесникот во платниот промет, преку која се евидентираат сите денарски трансакции кои се вршат преку Банката.

Отворање платежна сметка за физичко лице

  • Платежна сметка може да отворат сите физички лица – државјани на Република Македонија, како и физички лица странски државјани, кои во согласност со законската регулатива имаат третман на резидент  и имаат лична карта на странец издадена од МВР на РМ.
  • Банката може да им отвора сметки и на малолетни лица и на лица на кои им е одземена деловната способност кои пред Банката ги застапува законски застапник, односно старател во согласност со законските прописи.

Барање за платежни услуги за физички лица

Апликација/барање за регистрирање на клиент

Рамковен договор за платежни услуги за физички лица 

Известување за заштита на приватноста на клиентите на Стопанска банка а.д. Битола

Потврда за прием на известување на заштита на приватност на клиентите на Стопанска банка а.д. Битола

Барање за платежна сметка со основни функции

Претходни информации за користење на платежни услуги

Информативен документ за надоместоците - Платежна сметка во денари за потрошувачи

Информативен документ за надоместоците - Платежна сметка со основни функции  во денари

Информативен документ за надоместоците - Платежна сметка со основни функции во денари - корисници на законски права

Информативен документ за надоместоците - Мултивалутна платежна сметка за потрошувачи

Информативен документ за надоместоците -Платежна сметка во денари за потрошувачи – пакет услуги за млади

Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги


Третман на слепите лица во користењето на банкарските услуги

  •  ОТВОРАЊЕ СМЕТКА НА СЛЕПО ЛИЦЕ - во присуство на двајца сведоци од кои еден е задолжително банкарски службеник, сметката се отвора со потпис на документите од страна на слепото лице (со негов потпис, ракознак, факсимил и сл.) и со потпис на двајцата сведоци (придружник на слепото лице и/или вработен во Банката) на документите за отворање на сметката, односно на апликацијата за идентификација на клиенти во делот на забелешка или на крајот од неа.
  • ИСПЛАТА/УПЛАТА СРЕДСТВА НА СМЕТКА – во присуство на двајца сведоци од кои еден задолжително е банкарски службеник. Банката интерно може да пропише и присуство на двајца банкарски службеници. Доколку слепото лице во Банката е присутно без придружник при исплата/уплата на средства на сметката како сведоци може да бидат и двајца банкарски службеници кои задолжително ставаат потпис на уплатното/исплатното ливче.

Картица за платежна сметка

Картицата за платежна сметка е посебен образец со чие приложување заедно со личната карта или патната исправа се утврдува идентитетот на имателот на платежната сметка.

Инструментите на платниот промет за безготовински и готовински плаќања  се:

  • Налог за пренос  (образец ПП 30)
  • Налог за плаќање на јавни приходи (образец ПП 50)
  • Налог за плаќање на придонеси од плата (на товар на еден налогодавач а во полза на еден или повеќе примачи) (образец ПП 53)
  • Налог  за готовински уплати (ПП10 и ПП50)
  • Налог  за готовински исплати (ПП40)