Девизна сметка за вршење на платниот промет може да отворат правни лица резиденти и нерезиденти во централата и сите експозитури на банката без никакви трошоци.
ДОМАШНО ПРАВНО ЛИЦЕ - РЕЗИДЕНТ
За отворање на девизна сметка на правно лице потребна е следната документација:
- Решение или тековна состојба од трговскиот регистер (оргинал, или фотокопија заверена на нотар) не постара од 3 месеци. Банката задолжително задржува фотокопија од презентираната документација.
- Оригинал или копија заверена на нотар од ЗП Образец за заверен потпис на законскиот застапник на правното лице (управител, директор, претседател)
- Копии од важечки биометриски лични карти на законскиот застапник и потписниците на средствата или копија од биометриски пасош.
- Договор за отворање на девизна сметка во 2 примероци- го обезбедува банката,
- Картон за овластени потписници, се потпишува во банката.
- Барање за отворање на сметка – го обезбедува банката
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент правно лице со пополнети сите ,задолжителни податоци вклучувајки го и вистинскиот сопственик - во оригинал, со потпис од законскиот застапник.
- FATCA -Прашалник за клиенти правни лица
Обрасци во електронска форма за симнување
СТРАНСКО ПРАВНО ЛИЦЕ - НЕРЕЗИДЕНТ
За отворање на девизна сметка на странско правно лице потребна е следната документација:
- За правното лице и неговиот законски застапник –извод од трговски регистар, или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот, не постар од три месеци од кој може да се утврди датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето и дејноста која ја врши.
- За лицата овластени за работа со сметките – лична исправа и писмено овластување потпишано од законски застапник.
Нерезидентот – правно лице ги пополнува, потпишува и заверува следните обрасци, обезбедени од Банката:
- Барање за отворање на девизна сметка,
- Договор за отворање на девизна сметка- во два примероци,
- Картон за овластени потписи- во два примероци,
- Овластување за потписниците ,
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент правно лице со пополнети сите задолжителни податоци вклучувајки го и вистинскиот сопственик - во оргинал, со изјава за вистински сопственик заверена на нотар,
- FATCA Прашалник за клиенти правни лица
Обрасци во електронска форма за симнување
За добивање на девизни приливи од странство, на испраќачот треба да му се обезбедат следните податоци:
- Назив на фирмата и адреса
- IBAN број на трансакциската сметка отворена во банката
- Податоци за Стопанска банка а.д.Битола:
STOPANSKA BANKA a.d.BITOLA
Dobrivoje Radosavljevik 21 1000, Bitola, R.Macedonia
SWIFT Cod. STBBMK22
- За пристигнатата наплата од нерезидент, Банката го известува корисникот на приливот истиот, најдоцна наредниот работен ден.
- Корисникот на наплатата должен да достави до Банката образец 743, пополнет во делот II, како и соодветна докумантација, во рок од 5 (пет) работни дена од приемот на известувањето.
- По комплетирањето на документацијата Банката истиот најдоцна наредниот работен ден ја одобрува девизната сметка на корисникот на наплатата.
Странско правно лице – нерезидент, може да прими средства од странство во неограничен износ на средства.
За вршење на плаќање во странство, потребно е да се достават следниве податоци:
- Име и презиме на лицето или назив на фирмата корисник на плаќањето и адреса
- IBAN бројот т.е. бројот на сметката
- Името на Банката на корисникот на средствата и нејзината адреса
- SWIFT Cod на Банката
- Соодветено на основот на плаќањето, документ за потврда на истиот
Правното лице кое врши плаќање на нерезидент со дознака потребно е до Банката да достави уредна документација.
Банката ќе го изврши налогот за плаќање 1450 во најкус можен рок.
Кај странските правни лица – нерезиденти, трансфер на средства во странство и подигање ефективни девизни средства се врши без ограничувања