Платен промет со странство

ДЕВИЗНИ СМЕТКИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Девизни сметки може да отворат физички лица – резиденти и нерезиденти.

Отворање на девизни сметки на физички лица – резиденти:

Резиденти се физички лица со постојано место на живеење во Република Македонија или пак лица кои привремено престојуваат во Република Македонија врз основа на важечка дозвола за престој, односно работна виза во траење не пократко од 6 месеци.

За да отворат девизна сметка, физичките лица – резиденти, треба да поседуваат важечка лична карта или патна исправа и тие да ги презентираат на шалтерите на Банката.

Апликација за регистрирање на клиент физичко лице.

Банката на Имателот на сметката му отвора трансакциска сметка, ако тој ги

исполнува следните услови:

  • поднесе барање за отворање на сметка         
  • пополни Апликација за идентификација/ажурирање на клиент – физичко лице
  • пополни Прилог 1 FATCA Прашалник за клиенти физички лица,
  • приложи документација која овозможува идентификација на Имателот на сметката, застапникот и лицата овластени за располагање со средствата на сметката имајќи ги предвид прописите, вклучувајќи ги одредбите на законот, кој се однесува на спречување на перење пари и
  • ги приложи сите потребни податоци и друга документација во согласност со со важечките прописи и евентуално друга документација, која ќе ја побара Банката.

Документацијата потребна за отворање на сметка, треба да биде презентирана во оригинал или во фотокопија заверена од овластено лице (нотар), при што Банката задолжително задржува фотокопија од презентираната документација.

Банката по приемот на барањето за отворање сметка и целосно комплетираната документација склучува договор за трансакциска сметка и ја отвора сметката или пак го одбива барањето.

Отворање девизни сметки на физички лица – нерезиденти

Странските физичките лица кои престојуваат во Република Македонија можат да отворат сметка во Стопанска банка а.д. Битола  на шалтерите на Банката во повеќе градови низ Македонија.

Клиент, странско физичко лице – нерезидент се идентификува со поднесување на:

  • важечки документ за идентификација, патна исправа, во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава;
  • важечка лична карта, ако лицето доаѓа од држава-членка на Европска Унија или од држава со која Република Македонија има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување на државјани на двете држави (Србија, Албанија и Црна Гора).

Во случај кога во презентираниот документ за идентификација не е содржан некој потребен податок, Банката  може да побара друга јавна исправа или заверена изјава кај нотар од клиентот за бараниот податок  и  негова точност.

Банката на нерезидентот му отвора девизна сметка, ако тој ги исполнува следните услови:

  • поднесе барање за отворање на сметка;
  • пополни Апликација за идентификација/ажурирање на клиент физичко лице;
  • пополни Прилог 1 FATCA Прашалник за клиенти физички лица;
  • приложи документација која овозможува идентификација на Имателот на сметката, застапникот и лицата овластени за располагање со средствата на сметката имајќи ги предвид прописите, вклучувајќи ги одредбите на законот, кој се однесува на спречување на перење пари, и
  • ги приложи сите потребни податоци и друга документација во согласност со со важечките прописи и евентуално друга документација, која ќе ја побара Банката;
  • поднесе Изјава за запознавање со прописите во Република Македонија,  според кои клиентот се идентификувал со статус како нерезидент во банката.

Банката по приемот на барањето за отворање сметка и на целосно комплетираната документација склучува договор за девизна сметка на нерезидентот и ја отвора сметката, или пак го одбива барањето.

Со сметката може да управува лицето кое ја отворило сметката, или од него овластено лице кое има депонирано свој потпис.

Лице овластено за работа со сметките на нерезидентот – физичко лице, се идентификува со сопствен важечки документ за идентификација соодветен на статусот на клиентот и писмено овластување потпишано од сопственикот на сметката, во оригинал или заверена копија кај нотар/овластена институција во домицилната држава.

Кај странските физички лица – нерезиденти, трансфер на средства во странство и подигање ефективни девизни средства се врши без ограничувања

ДЕВИЗНИ ПРИЛИВИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

За примање средства од странство, на испраќачот треба да му ги дадете следниве Ваши податоци:

  1. Име и презиме
  2. Адреса
  3. Број на сметката или IBAN-број (можете да го добиете на шалтерите во Банката)
  4. Името на нашата банка: STOPANSKA BANKA a.d. BITOLA
  5. Адреса на Банката: Dobrivoje Radosavljevik 21
  6. Нашиот SWIFT-кoд: STBBMK22.

Инструкции за примање девизни приливи од странство може да добиете на шалтерите на Банката во сите експозитури во земјата.

1. Домашно физичко лице – резидент

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од странство од друго физичко лице, жител на странска земја – нерезидент, во неограничен износ на средства.

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од својата сметка во странство, според Одлуката за начинот и условите, под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, и според нејзините дополненија.

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од странство од правно лице со седиште во странска земја – нерезидент, износ кој не е лимитиран, но за кој мора на Банката да даде информација за основот на приливот.

Во зависнот од информацијата на клиентот, Банката во согласност со законот, може да побара и валиден документ од кој ќе се види основот на плаќањето, особено ако приливот спаѓа во групата на капитални трансфери.

Корисникот на наплата треба во рок од 5 работни дена, од денот на приемот на известувањето од Банката, да ги достави сите потребни податоци за одобрување на средствата на неговата сметка.


2. Странско физичко лице – нерезидент

Странско физичко лице – нерезидент, може да прими средства од странство во неограничен износ на средства.

При Уплатата во ефективни странски пари во износи поголеми од 10.000 евра, клиентот – нерезидент, приложува и писмена потврда за внесени ефективни странски пари издадена од Царинска управа на РМ.

ДЕВИЗНИ ПЛАЌАЊА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

За испраќање девизни средства во странство со дознака, потребно е да се достават до Банката следните податоци:

  1. Име и презиме на лицето или назив на фирмата - корисник на плаќањето
  2. Точна адреса
  3. Бројот на сметката или IBAN-бројот
  4. Името на банката кај која корисникот има сметка
  5. Адреса на банката или филијалата
  6. Бројот на филијалата, т.е. Sort Cod, ABA број или BLZ (доколку постои можност)
  7. SWIFT Cod на банката (кодот е задолжителен)

Физичко лице, жител на Република Македонија  резидент може да му испрати средства во странство на друго физичко лице – жител на странска земја – нерезидент, максимален износ од ЕУР 2.500 месечно.

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да му испрати средства во странство на правно лице со седиште во странска земја – нерезидент, износ кој не е лимитиран, но за кој мора до Банката да достави валиден документ, од кој ќе се види основот на плаќањето: фактура, профактура, договор или друго.

Трансфери во странство на домашни физички лица  резиденти, кои се однесуваат на семејни животни трошоци (престој во странство заради школување, лекување и други трошоци), како и за лични трансфери на средства во противвредност до ЕУР 2.500 месечно, може да се извршат и без презентација на соодветен документ, доволна е информација. За трансфери поголеми од ЕУР 2.500 задолжително се доставува документ врз основа на кој ќе се утврди основот на плаќање.

За трансфер од физичко лице – резидент, на сопствена сметка во странска банка, важат правилата според Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство и нејзините дополненија.

Банката е должна налогот за плаќање 1450 да го изврши со датум на валута најдоцна третиот ден од денот на прифаќање на налогот, освен ако со налогодавачот не е поинаку договорено.

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕВИЗНИ ПРИЛИВИ И ОДЛИВИ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДОМАШНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Отворање девизен штеден влог и издавање штедна книшка Книшка или сметка

Без надоместок, минмален влог противредност на 1000,00 денари

Одржување на трс и сметки по видување во ЦХФ
 

300,00 ден месечно

Уплата во корист на ТРС или  девизен штеден влог во чекови, кредитни писма, дознаки и други платни инструменти, по основ пензија

До 30 ЕУР

Над 30 ЕУР

50 денари

150 денари

Уплата во корист на ТРС или  девизен штеден влог во чекови, дознаки и други платни инструменти , освен по основ пензии

до 30 ЕУР - 50 ден,

од 31-500 ЕУР-150ден,

од 501-1.000 ЕУР- 200 ден,

од 1.001-5.000 ЕУР-300ден,

од 5.001-10.000 EУР-500 ден,

од 10.001-20.000 EУР-1.200 ден,

од 20.001 ЕУР-50.000- 4000 ден,

од ЕУР 50.001 - ЕУР 100.000 - 6.000 ден,

над 100.001 ЕУР- 9.000 ден

Уплата во корист на ТРС или  девизен штеден влог во ефектива (со исклучок на ЦХФ) Без надоместок
Сите уплати  на ефектива во ЦХФ
 0,50% мин.250 ден/макс. 6.000,00 ден
Уплата во корист на ТРС или  девизен штеден влог од дознаки со назнака за трошоците ОУР
Износ на дознаката Разликата од тарифниот став 2.1 и износот кој го рефундира банката на налогодавачот. (Доколку банката на налогодавачот не прифаќа барање за рефундирање ќе се наплатува целиот износ според тарифниот став 2.1)
Приливи од друга домашна банка со исклучок на приливите по основ на пензии Надоместок пресметан од домашната банка + надоместот од тарифниот став 2.1
Приливи од друга домашна банка по основ на пензија Надоместок пресметан од домашна банка + надоместот од тарифниот став 2
Приливи од друга домашна банка по основ на пензија по список Надоместок пресметан од домашна банка + 0,5%
Враќање на нераспределен девизен прилив по барање на странска, домашна банка  15,00 ЕУР од приливот
Враќање на нераспределен девизен прилив по барање на клиентот  15,00 ЕУР од приливот
 
Исплата од девизен штеден влог-сметка во:
 
исплата на ефектива од девизна сметка (доколку средствата не потекнуваат од орочен штеден влог)
Денарска противвредност на исплатата

До 1.000 ЕУР без провизија

Над 1.000 ЕУР 0,15% мах. 10.000 ден.

ефектива (за бордеро)
Денарска противвредност на исплатата 1,5% минимум 250 ден.

Извршување дознаки во странство од девизна трансакциска сметка, доколку се одбиваат трошоци од дознаката (SHARED)

Денарска противвредност

0,30% минимум 600 ден.

Извршување дознаки во странство од девизна трансакциска сметка доколку странските трошоци се плаќаат веднаш (ОUR):

  • дознака до 1.000  ЕУР
  • дознака од 1.001 до 2.500 ЕУР
  • дознака од 2.501 до 5.000 ЕУР
  • дознака од 5.001 до 10.000 ЕУР
  • дознака од 10.001 ЕУР до 100.000 ЕУР
  • дознаки над 100.001 ЕУР

За ЕУР,УСД, и КАД

  • 22 ЕУР
  • 25 ЕУР
  • 30 ЕУР
  • 0,60% минимум 40 ЕУР
  • 0,40% минимум 60 ЕУР
  • 0,30% минимум 300 ЕУР

Дознаки во ЦХФ,ГБП и СЕК и останати валути

  • 30 ЕУР
  • 35 ЕУР
  • 35 ЕУР
  • 0,60% минимум 50 ЕУР
  • 0,40% минимум 60 ЕУР
  • 0,30% минимум 300 ЕУР
Измена на инструкции и ургенции

Барање

Ден. 1000+ фактички трошоци од странската банка
Дознаки кои не може да се процесираат автоматски (non STP) (дознаки за кои не може да се обезбеди IBAN, SWIFT и сл.)

Барање

според тарифен став 3.3 и 3.4 + 600 ден.
 

Извршување дознаки во земјата

Денарска противвредност

0,30% минимум 600 денари

Денарски плаќања од резиденти во корист на нерезиденти од сметката

  • до 10.000 денари
  • од 10.001 до 100.000 денари
  • над 100.001
Износ на дознаката
  • Ден. 100,00
  • Ден. 200,00
  • 0,05%мин. Ден. 500, максимум 6000 денари

Извршување дознаки во земјата на сметка на истиот сопственик во друга банка

Денарска противвредност

0,30% минимум 600 денари

Извршување на дознаки по основ на траен налог

Денарска противвредност

1%, минимум 600 денари

Исплата од девизен штеден влог-сметка, ако приливот потекнува од дознака или чек во:

Денари

Без надоместок

Ефектива

Денарска противвредност

 Доколку пристигнатиот прилив не одлежи во Банката на минимален рок од 15 дена: До 5.000 ЕУР – 1% мин 250 ден. Од 5.001 ЕУР – 15.000 ЕУР - 0,8% Над 15.001 ЕУР – 0,5%   макс. 30.000 денДоколку пристигнатиот прилив одлежи во Банката на минимален рок од 15 дена (со исклучок на ЦХФ) се наплаќа:До 1.000 ЕУР без провизијаНад 1.000 ЕУР 0,15% max. 10.000 ден.

Сите исплати во ефектива во ЦХФ Денарска противвредност

 До 5.000 ЕУР – 1% мин 250 ден

 Од 5.001 ЕУР – 15.000 ЕУР - 0,8%

Над 15.001 ЕУР – 0,5%   макс. 30.000 ден
Исплата за купена стока од консигнација
Денарска противвредност

1% со откуп на ефектива

Конверзија (замена на една валута со друга) при исплатата на ефектива од девизен штеден влог-сметка:
Денарска противредност

Без надоместок

На барање на штедачот
Денарска противвредност на исплатената валута 1%
Кога Банката сама нуди конверзија
  Без надоместок
Конверзија (замена на една валута со друга) за извршување дознаки во странство
Огласување на девизна штедна книшка-сметка за неважечка
Оглас
Ден.100
Амортизација (замена) на изгубена (оштетена) девизна штедна книшка
Примерок
Ден. 200
Затворање (гаснење) на девизен штеден влог-сметка
Влог или сметка
Ден. 500
Затворање (гаснење) на девизен штеден влог-сметка со пренос на средствата во друга банка
Влог или сметка
Ден. 1000
Издавање полномошно по девизен штеден влог-сметка
  Без надоместок
Доставување известие за извршена уплата (чек или дознака) од штедачите во странство
Без надоместок
Издавање изводи за пресметаната камата на штедниот влог-сметка на штедачите во странство
Без надоместок
Давање усмени и писмени информации на штедачите на Банката од доменот на девизното штедење
Без надоместок
Давање банкарски публикации и рекламни материјали на штедачите на Банката
Без надоместок
Водење на неактивни девизни трансакциски сметки за физички лица-резиденти
Водење на неактивни девизни трансакциски сметки за физички лица-резиденти 100,00 денари месечно (доколку салдото е пониско од 100,00 денари се наплаќа провизија во висина на салдото)
Одржување на неактивни девизни депозити по видување за физички лица-резиденти
Одржување на неактивни девизни депозити по видување за физички лица-резиденти 100,00 денари месечно (доколку салдото е пониско од 100,00 денари се наплаќа провизија во висина на салдото)
Надомест за предвремено разорочување на депозит:
   

Орочени депозити

Скалест депозит

Скалест депозит на 13 месеци

Детско штедење

Долгорочен депозит со фиксен стимулативен додаток

Постепено стимулативно штедење

Долгорочен депозит на 36 месеци

Инвестициски депозит

Барање 1.000 ден.
Долгорочен депозит со антиципативна исплата на камата
Барање 3.000 ден.
Долгорочен депозит на 25 месеци
Барање 1.500 ден.
НАДОМЕСТОЦИ ЗА СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА
1 Отворање на девизен штеден влог и издавање штедна книшка Влог или сметка Без надоместок
Одржување на трс и сметки по видување во ЦХФ сметка 5 ЕУР 
Отворање на трс за нерезидент
сметка
фиксно 2 ЕУР во денарска противвредност
2 Уплати во корист на ТРС или девизне штеден влог во чекови, кредитни писма, дознаки и други платни инструменти, основ пензија До 30 ЕУР ЕУР 1.
над 30 ЕУР ЕУР 3.
Уплата во корист на ТРС или  девизен штеден влог во чекови, дознаки и други платни инструменти, освен по основ пензии

до 300 ЕУР - 5 ЕУР

од 301-5.000 ЕУР - 10 ЕУР

од 5.001-10.000 ЕУР - 20 ЕУР

од 10.001-20.000 ЕУР - 50 ЕУР

од 20.001- 50.000 ЕУР - 80 ЕУР

од 50.001- 100.000 ЕУР - 100 ЕУР

над 100.000 ЕУР - 150 ЕУР

2.1.1. Уплата во корист на ТРС или  девизен штеден влог во ефектива (со исклучок на ЦХФ)    Без  надоместок
Уплата на ефектива во ЦХФ 0,50% мин.ЕУР 5  /макс. ЕУР 100
2.1.2. Уплата во корист на ТРС или  девизен штеден влог од дознаки со назнака за трошоците ОУР   Разликата од тарифниот став 2.1 и износот кој го рефундира банката на налогодавачот. (Доколку банката на налогодавачот не прифаќа барање за рефундирање ќе се наплатува целиот износ според тарифниот став 2.1)

2.1.3

Приливи од друга домашна банка со исклучок на приливите по основ на пензии   Надоместок пресметан од домашната банка + надоместот од тарифниот став 2.1
2.1.4 Приливи од друга домашна банка по основ на пензија   Надоместок пресметан од домашна банка + надоместот од тарифниот став 2
2.1.5 Приливи од друга домашна банка по основ на пензија по список
Надоместок пресметан од домашна банка + 0,5%
2.1.6 Враќање на нераспределен девизен прилив по барање на странска, домашна банка 
15 ЕУР од приливот
2.1.7.
Враќање на нераспределен девизен прилив по барање на клиентот 
15 ЕУР од приливот
2.1.8 Следење на статус на лоро дознака 5 ЕУР 
3 Исплата од девизен штеден влог-сметка во:    
3.1. - ефектива Денарска противвредност 1%
  - чекови
  - кредитни писма и други платни инструменти
3.2. Дознаки од девизна трансакциска сметка доколку трошоци се одбиваат од дознаката (СХАРЕД) Денарска противвредност 0,3%, минимум 600 денари
3.2.1. Безготовински плаќања во денари од сметки  на нерезиденти   во корист на резидентни и нерезиденти сметки на клиенти во банката  Налог 0,073% од износот на налогот, минимум 150,00 денари, максимум 12.000,00 денари
3.2.2. Безготовински плаќања  во денари од страна на нерезиденти во корист на резидентни и нерезиденти сметки на клиенти во други банки Налог  0,15%, мин. Ден.300,00 максимум 12.000,00
3.3. Извршување дознаки во странство од девизна трансакциска сметка доколку странските трошоци се плаќаат веднаш (ОУР): Денарска противвредност  
 
  • дознака до 1.000  ЕУР
  • дознака од 1.001 до 2.500 ЕУР
  • дознака од 2.501 до 5.000 ЕУР
  • дознака од 5.001 до 10.000 ЕУР
  • дознака од 10.001 ЕУР до 100.000 ЕУР
  • дознаки над 100.001 ЕУР

За ЕУР,УСД, и КАД

  • 22 ЕУР
  • 25 ЕУР
  • 30 ЕУР
  • 0,60% минимум 40 ЕУР
  • 0,40% минимум 60 ЕУР
  • 0,30% минимум 300 ЕУР

Дознаки во ЦХФ,ГБП и СЕК и останати валути

  • 30 ЕУР
  • 35 ЕУР
  • 35 ЕУР
  • 0,60% минимум 50 ЕУР
  • 0,40% минимум 60 ЕУР
  • 0,30% минимум 300 ЕУР

3.3.1. Измена на инструкции и ургенции  Барање ЕУР 25 + фактичките трошоци на странската банка
3.3.2. Враќање на нераспределен девизен прилив по барање на клиентот   15,00 ЕУР од приливот
3.6 Дознаки кои не може да се процесираат автоматски (non STP) (дознаки за кои не може да се обезбеди IBAN, SWIFT и сл.)
Барање
според тарифен став 3.2 и 3.3 + ЕУР 10
3.7 Затворање на сметка по барање на клиентот
Барање
ЕУР 20
3.8 Затворање на сметка согласно законски и интерни акти
Барање
ЕУР 10
4 Конверзија на валути при исплата од девизни сметки-штедни влогови Денарска противвредност на исплатената валута 1%, освен во случај кога банката сама нуди конверзија без надоместок
5. Водење на неактивни девизни трансакциски сметки за физички лица-нерезиденти Трансакциски сметки кои две години немале долговен промет во банката (освен промет по основ на провизии) 100 денари месечно (доколку салдото е пониско од 100 денари се наплаќа провизија во висина на салдото)
6. Одржување на неактивни девизни депозити по видување за физички лица-нерезиденти Депозити по видување без промени во салдото во период од две години (освен промени по основ на камати и провизии) 100,00 денари месечно (доколку салдото е пониско од 100,00 денари се наплаќа провизија во висина на салдото) 

Следење на статус на извршување  на  лоро дознака

Барање                                                                                                    
ЕУР 5

ДЕВИЗНО-ВАЛУТНА ЛИКВИДАТУРА

Откуп на ефективни странски пари и исплата во денари

Без надоместок

  •  Откуп на девизни чекови до 399,00 евра или друга валута во истиот сооднос             *фактичките трошоци ќе се наплаќаат по пристигање на приливот по основ на чекот

Инструмент (чек)

1200 денари,  плус фактички транспортни трошоци, максимум 3.600 денари

Преземање парични чекови и други хартии од вредност од граѓани на инкасо (наплата)

Чек

1,5% мин. Ден.3000 при приемот на чекот, плус фактички транспортни трошоци, минимум 3000 денари

Преземање парични чекови и други хартии од вредност од граѓани на инкасо (наплата)

Чек

1,5% мин. Ден.3000 при приемот на чекот, плус фактички транспортни трошоци, минимум 3000 денари 

СТРАНСКИ КОРЕСПОДЕНТСКИ БАНКИ

Името на нашата банка: STOPANSKA BANKA a.d. BITOLA

Адреса на Банката: 21 Dobrivoe Radosavljevik Str.      7000 Bitola, Republic of Macedonia

Нашиот SWIFT-кoд: STBBMK22.

Валута

Коресподентска банка

SWIFT/BIC

AUD

Raiffeisen Bank International AG, Vienna

RZBA AT WW

CAD

Bank of Montreal, Toronto

BOFM CA T2

CHF

Raiffeisen Bank International AG, Vienna

RZBA AT WW

EUR

Raiffeisen Bank International AG, Vienna

RZBA AT WW

EUR

Privredna banka Zagreb dd, Zagreb

PBZG HR 2X

EUR

Landesbank Baden Wuerttemberg

SOLA DE ST

GBP

Raiffeisen Bank International AG, Vienna

RZBA AT WW

SEK

Raiffeisen Bank International AG, Vienna

RZBA AT WW

USD

Raiffeisen Bank International AG, Vienna

RZBA AT WW

ТЕРМИНСКИ ПЛАН ЗА ПЛАТЕН ПРОМЕТ СО СТРАНСТВО*

  Дознаки во странство

1 Прием на налози и придружна документација од понеделник до петок од 08.30 - 16.30
2 Налози со комплетна документација и обезбедени средства примени од Службата за тргување документарно работење и платен промет со странство до 11.00 часот со дата на валута тековен ден Т+0
3 Налози со комплетна документација и обезбедени средства примени од Службата за тргување документарно работење и платен промет со странство после 11.00 часот со дата на валута следен работен ден Т+1

  

* терминскиот план претрпува измени за датуми кои се неработни денови во земјите на кореспондентските банки. Датата на реализација е прв работен ден во земјата на кореспондентската банка.

Служба за тргување, документарно работење и платен промет со странство

Контакт: 047-207-670, 047-207-541, 047-207-633, 047-207-645, 047-207-542