1. MasterCard Standard кредитна картичка со промотивна каматна стапка.
2. Орочен депозит во еур – еден од следните производи.
- Долгорочен девизен депозит во евра со фиксна каматна стапка на 15 месеци;
- Долгорочен девизен депозит во евра на 25 месеци со фиксна каматна стапка;
- Долгорочен девизен депозит во евра на 70 месеци со фиксна каматна стапка;
3. СМС известување – без надомест во првите 6 месеци.
1. MasterCard Standard кредитна картичка
Кредитната картичка гласи на име, непренослива е и се издава со рок на важност со 3 години.
Кредитен лимит:
во зависнот од кредитната способност на барателот, кредитна историја и понудено обезбедување најмногу до 3 месечни плати, односно 5 плати за клиенти со склучен договор за персонално банкарство (освен за картици обезбедени со наменски орочен каматен или бескаматен депозит) до 500.000,00 ден. За вработени на определено во Кромберг и Шуберт до 2 месечни плати.
Минимален месечен износ за плаќање:
- 1% месечно од искористената главница ако барателот користи +3 производи во Банката + пресметана камата;
- 2% месечно од искористената главница ако барателот користи +2 производи во Банката + пресметана камата;
- 3% месечно од искористената главница ако барателот користи +1 производ во Банката + пресметана камата;
- 4% месечно од искористената главница ако барателот не користи дополнителен производ во Банката + пресметана камата.
Камата:
Согласно важечката Одлуката за камати стапки на Банката:
каматна стапка |
4,00% фиксна каматна стапка во првата година |
6,00% прилагодлива каматна стапка по првата година |
Начин на пресметка на камата:
по пропорционална метода.
Кредитоспособност:
55% од плата.
Надомести:
трошоците се пресметуваат согласно важечката Одлука за тарифи и надоместоци на Банката:
опис на надоместок | основ за пресметка | висина на надоместок |
издавање на картичка | висина на одобрен лимит | без надомест
|
годишна чланарина* | во првата година
| без надомест |
во втората и третата година | 750,00 мкд за клиенти со склучен договор за персонално банкарство |
за реализиран промет во висинана кредитниот лимит | без надомест |
за сите останати
| 1.500,00 ден.
|
подигање на готовина на АТМ (банкомат) | трансакција направена на АТМ (банкомат) на СТББТ | 2,5% минимум 150 МКД |
трансакција на правена на АТМ (банкомат) на друга банка (земјата или во странство) | 3% минимум 300 МКД |
проверка на состојба на АТМ (банкомат) | трансакција направена на АТМ (банкомат) на СТББТ | 5,00 ден
|
трансакција на правена на АТМ (банкомат) на друга банка во земјата | 20,00 ден
|
подигање на готовина на ПОС терминал | трансакција на правена на ПОС терминал на шалтер во друга банка (во земјата или во странство) | 3% минимум 300 МКД |
казнена камата | променлива | во согласност со законски прописи и актите на Банката |
трошок за опомени | променлива | 100,00 МКД
|
Обезбедување:
Административна забрана на плата, меница и менична изјава*. Како обезбедување корисникот може да приложи и депозит. Доколку се работи за барател на кредитна картичка кој е вработен во приватна фирма и не ја прима платата преку СТББТ, дополнително е потребно да обезбеди еден жирант од државна институција (буџет или ЈП), финансиска институција или приватна фирма прифатлива за Банката. За вработени во Кромберг и Шуберт на опредлено време со стаж под 12 месеци – задолжителна солемнизација на договор на нотар. За вработени во Кромберг и Шуберт на опредлено време со стаж над 12 месеци – меница и менична изјава.
*Се укинува меницата како инструмент за обезбедување во случаите каде што како обезбедување за картичката служи солемнизација на Договорот за картичка на нотар. Во случаи кога како обезбедување за кредитот има и жиранти, истите ќе се јават како гаранти-платци во солемнизираниот договорот за кредит.
2. Новоорочен депозит во износ од најмалку 100,00 еур – еден од следните производи
Долгорочен девизен депозит со фиксна каматна стапка на 15 месеци* |
Валута: | ЕУР |
Рок на орочување: | 15 месеци |
Исплата на камата: | антиципативнo, на денот на уплата на влогот |
Камтна стапка: | 2,00%
|
Долгорочен депозит на 25 месеци со фиксна каматна стапка* |
Валута: | ЕУР |
Рок на орочување: | 25 месеци |
Исплата на камата: | на денот на доспевање на влогот |
Камтна стапка: | 3,00% |
Долгорочен девизен депозит на 70 месеци со фиксна каматна стапка* |
Валута: | ЕУР |
Рок на орочување: | 70 месеци |
Исплата на камата: | годишно, по 12 месеци од датумот на влогот, односно 12 месеци од претходно исплатена камата |
Камтна стапка: | 4,50% |
*Сите останати услови под кои се нудат депозитните производи се во согласност со Каталогот на производи.
3. СМС известување – без надомест во првите 6 месеци