Пакет за вработени во приватни фирми

1. Потрошувачки кредит                                       
2. Кредитна картичка со лимит во висина до 2 плати                                       
3. Дозволено пречекорување по трансакциска сметка со лимит од 1 плата +  специјален лимит од 1 плата                                       
4. СМС известување                                       
5. Електронско банкарство

карактеристики

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ

Намена:

- ненаменски

Максимален износ:

- до 300.000,00 МКД

Рок на враќање:

- до 95 месеци

Начин на враќање:

со месечна отплата на ануитети   
- административна забрана
- траен налог
- на шалтерите на Банката
- по електронски пат

Надомести за кредитот:

Опис на надоместокВидВисина на надоместок
Трошок за аплицирање за кредитпроменлива

700,00 МКД за вработени

Провизија за одобрен кредитеднократно
2,0% за ненаменски кредити;
1,0% за рефинансирање на обврски во банката;
0,00% за рефинансирање во други Банки.
Трошок за предвремена отплатапроменлива0%


Валутна клаузула: денарски кредити

услови

Инструменти на обезбедување:

- меница и менична изјава* и административна забрана**, ризико полиса (опционално)

Кредитоспособност:

- ДТИ показател не поголем од 50%   

- старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот*** за редовно вработени   

- за лица кои не ја примаат платата преку СТББТ, а сакаат да аплицираат за овој продукт мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит. Доколку Банката констатира дека не е испочитувана изјавата за префрлување на плата  во предвидениот рок кредитот може да се прогласи за доспеан или да се направи Анекс кон истиот, со што ќе се префрли со највисока важечка каматна стапка за денарски кредити за физички лица, согласно Одлуката за каматни стапки на Банката.


каматни стапки

Каматна стапка:

- фиксна во првата година, за останатиот период променлива составена од референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + маргина

Начин на пресметка на камата на кредитот:

- по пропорционална метода

Пакет за вработени во приватни фирми

без вклучена ризико полиса

Годишни каматни стапки во првата годинаГодишни каматни стапки по првата година
денарски кредит
7,50% фиксна
референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,00 п.п.

*10,57% СВТ за износ на кредит од 300.000 МКД, каматна стапка 7,5% фиксна за првата година, и променлива каматна стапка (референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,00 п.п.) за остатокот на периодот, рок на отплата 84 месеци, провизија за одобрен кредит 2,50%

*Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 

Пакет за вработени во приватни фирми

со вклучена ризико полиса

Годишни каматни стапки во првата годинаГодишни каматни стапки по првата година
денарски кредит
6,50% фиксна
референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,00 п.п.


*10,13% СВТ за износ на кредит од 300.000 МКД, каматна стапка 6,5% фиксна за првата година, и променлива каматна стапка (референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,00 п.п.)  за остатокот на периодот, рок на отплата 84 месеци, провизија за одобрен кредит 2,50%

*Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 

останато

* Се укинува меницата како инструмент за обезбедување во случаите каде што како обезбедување за кредитот служи солемнизација на Договорот за кредит на нотар. Во случаи кога како обезбедување за кредитот има и жиранти, истите ќе се јават како гаранти-платци во солемнизираниот договорот за кредит.

** Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.

*** Доколку кредитокорисникот во тек на траење на кредитот оствари право на пензија, односно ја надмине старосната граница за вработен 64 години, задолжително треба да достави изјава дека по остварување на правото за пензија, истата ќе ја добива преку СТББТ.

**** Ризико полиса односно полиса за осигурување издадена од Кроација осигурување АД - друштво за осигурување на живот винкулирана во корист на СТББТ со рок на важност еднаков со рокот на отплата на кредитот се бара доколку клиентот сака да ги користи промотивните каматни стапки