КРИТЕРИУМИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ:
- барателот да биде студент, државјанин на Р.М.
- можност за вклучување на кокредитобарател - лице кое остварува редовен месечен приход по основ на плата/пензија во Р.М.
- доколку студентот има приход, задолжително да се прима на ТРС во СТББТ
ВЗАЕМНА КОРИСТ:
Студентот кој е заинтересиран за кредит, ќе добие тренинг за продажба во банката. По тренингот, тој ќе биде ангажиран како агент за продажба на банкарски производи и услуги, што би му овозможило отплата на кредитот со следниот надомест:
- 500 мкд - одобрен кредит на клиент - физичко лице
- 300 мкд - одобрена кредитна картичка на клиент - физичко лице
- 200 мкд - одобрено дозволено пречекорување на ТРС на клиент - физичко лице
- 200 мкд - префрлување на пензија во Банката од страна на пензионер - физичко лице
- 300 мкд - орочен денарски или девизен депозит на клиент - физичко лице (депозитот да биде со рочност од над 1 година)
- 300 мкд - отворена ТРС на клиент - правно лице
- 1.500 мкд - одобрен кредитен производ на клиент - правно лице
УСЛОВ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА:
Условот за реализација на кредитот ќе биде исполнет во моментот кога барателот/студент ќе донесе клиенти, односно ќе оствари заработка во износ доволен за да ја плати провизијата (2.000,00 МКД, 3.500,00 МКД или 5.000,00 МКД во зависност од износот на кредитот)