ПАКЕТ СО ДЕВИЗНА КЛАУЗУЛА

  • Денарски кредит со девизна клаузула со фиксна
    каматна стапка за првите 3 години
  • Кредитна картичка од брендот Visa/Master
  • Дозволено пречекорување по трансакциска сметка
  • Специјален лимит врзан со Mastercard debit
  • СМС Известување
  • Електронско банкарство



карактеристики

Пакетот се состои од кредит, кредитна картичка од брендот Visa/Master, дозволено пречекорување по трансакциска сметка, Специјален лимит поврзан со Mastercard debit, СМС известување и Електронско банкарство.

Наведените услови важат единствено доколку се искористат сите наведени производи од пакетот

Намена:

1/ ненаменски - средствата се префрлуваат на трансакциска сметка на корисникот

2/ наменски – средствата се користат за затварање на постоечки обврски во други банки (30% од износот може да се искористи ненаменски)


МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

до 15.000,00 ЕУР


РОК НА ВРАЌАЊЕ:

- до 95 месеци

Трошок за аплицирање за кредит - 700,00 МКД

Провизија за одобрен кредит

  • 0,5% за наменски кредити за рефинансирање
  • провизија од 2% за ненаменски кредити

услови

  • ДТИ показател* не поголем од 55%
  • старосна граница - максимум 68 години на денот на достасување на кредитот

*Под показател ДТИ се подразбира односот помеѓу износот на вкупни обврски на клиентот физичко лице  врз основа на кредитни изложености на банки и штедилници на месечна основа  и неговиот вкупен месечен приход

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:


До 10.000,00  еур                              
солемнизација на Договор за кредит  со вклучени извршни клаузули, административна забрана на плата од кредитобарателот, Ризико полиса за осигурување издадена од Кроација осигурување АД - Друштво за осигурување на живот винкулирана во корист на СТББТ со рок на важност еднаков со рокот на отплата на кредитот
Над 10.001,00  еур

солемнизација на Договор за кредит со вклучени извршни клаузули, административна забрана на плата од кредитобарателот. Доколку барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарнт-платец кој поседува недвижен имот. Ризико полиса за осигурување издадена од Кроација осигурување АД Друштво за осигурување на живот винкулирана во корист на СТББТ со рок на важност еднаков со рокот на отплата на кредитот



каматни стапки


 Пакет производи со вклучена Ризико полиса*

долгорочен денарски кредит со девизна клаузула

фиксна годишна каматна стапка во првите три години

4,70%

променлива годишна каматна стапка по истек на третата година

1М Еурибор + 7,21 п.п.




*6,10% СВТ за износ на кредит од 15.000 еур, каматна стапка 4,70% фиксна во првите три години и променлива каматна стапка ( 1М еурибор + 7,21п.п.) за остатокот на периодот, рок на отплата 95 месеци, провизија за одобрен кредит 2,00%

*Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 


Пакет производи
 без вклучена Ризико полиса*

долгорочен денарски кредит со девизна клаузула

фиксна годишна каматна стапка во првите три  години

5,70%

променлива годишна каматна стапка по истек на третата година

1М Еурибор + 7,41п.п.




*6,86% СВТ за износ на кредит од 15.000 еур, каматна стапка 5,70% фиксна за првите три години  и променлива каматна стапка (1М Еурибор + 7,41п.п.) за остатокот на периодот, рок на отплата 95 месеци, провизија за одобрен кредит 2,00%

*Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 


9,50% променлива каматна стапка (референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 п.п.) на кредитната картичка од брендот Visa Classic

7,99% фиксна каматна стапка во првата година, 9,50% променлива каматна стапка (референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 п.п.) по првата година од брендот Master Card Standard

9,50% променлива каматна стапка (референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 п.п.) на дозволеното пречекорување


*Ризико полиса односно Полиса за ризико осигурување издадена од Кроација осигурување АД Скопје за осигурување на живот винкулирана во корист на СТББТ со рок на важност еднаков со рокот на отплата на кредитот


останато

Платата е задолжително да се прима на трансакциска сметка во СТББТ или да се префрли преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит