Новости

 
15.05.2016

ИЗВЕШТАЈ И ПОДАТОЦИ СО СОСТОЈБА НА 31.12.2015 ГОДИНА ОБЈАВЕНИ НА 15.05.2016 ГОДИНА

Врз основа на Одлуката на Народна банка на Република Македонија за објавување извештаи и податоци од страна на Банката („Сл. весник на РМ“, бр.134/2007), Стопанска банка а.д. Битола објавува:

Новости

Повеќе
 
28.04.2016

Интервју на Претседателот на Управниот Одбор на Стопанска Банка а.д. Битола, м-р Владимир Ефтимоски за „Global banking and finance”

Угледниот магазин за економски и финансиски анализи, „Global banking and finance” објави интервју на Претседателот на Управниот Одбор на Стопанска Банка а.д. Битола, м-р Владимир Ефтимоски.

 

Почитувани клиенти,

Согласно законската регулатива во делот на засилена автентикација на клиентот при извршување на бесконтактни платежни трансакции засновани на картичка, Ве информираме дека е направена измена при извршување на бесконтактни платежни трансакции со дебитни и кредитни картички издадени од Банката, и тоа:

  • Доколку поединечниот износ на бесконтактната електронска платежна трансакција на ПОС терминал надминува 3.000,00 денари мора да биде автентицирана со ПИН. Во спротивно, истата ќе биде одбиена.  
  • Доколку со картичката се извршени 5 последователни бесконтактни трансакциии на ПОС терминал без ПИН, следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН. Во спротивно, истата ќе биде одбиена.  
  • Доколку вкупниот кумулиран износ на сите бесконтактни трансакции на ПОС надминува 9.000 денари од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН, следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН, независно од износот на трансакцијата. Согласно тоа, доколку при наредната бесконтактна трансакција не биде побаран ПИН (на пр. за трансакција од 500 мкд), оваа трансакција ќе биде одбиена.

ВАЖНО: Доколку имате одбиена трансакција при бесконтактно плаќање, за која се исклучени останати причини за одбивање (на пр. статус на картичка, салдо на сметка, дневни лимити и др.), Ве молиме побарајте од трговецот да биде извршена контактна трансакција со процесирање на чип/магнетна лента (во случај ПОС терминалот да не процесира чип) и ПИН.

По направена контактна трансакција се ресетира износот/бројот на трансакции и повторно може да се прават бесконтактни трансакции