Ненаменски потрошувачки кредит обезбеден со хипотека со фиксна каматна стапка во првите 5 години

ненаменски, средствата се префрлаат на трансакциска сметка на корисникот


Карактеристики

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

според кредитна способност на кредитокорисникот и вредноста на обезбедувањето, до 170.000 ЕУР

РОК НА ВРАЌАЊЕ:

1/ до 240 месеци

Трошок за аплицирање за кредит - 1.000,00 МКД

Провизија за одобрен кредит:

ПРОМОТИВНО 0,5% ОД ОДОБРЕНИОТ ИЗНОС НА КРЕДИТ ДО 31.12.2021 ГОД.

1,5% од износот на кредит

0% за рефинансирање

Трошок за предвремена отплата

  • без надомест за предвреме извршена уплата до 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот во тековниот месец;
  • 3% од главницата на кредитот што предвремено се уплаќа, за износи над 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот на кредитот

Услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата)
  • можност за вклучување најмногу еден кокредитобарател (член на потесно семејство)
  • старосна граница - максимум 80 години на денот на достасување на кредитот. За кокредитобаратели кои воедно се јавуваат како заложни должници нема лимит на старосна граница. 

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

ПРОМОТИВНО ДО 31.12.2021 ГОДИНА БЕЗ ТРОШОК ЗА ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ ВО ПРВАТА ГОДИНА 


меница и менична изјава, административна забрана на плата*/траен налог за пензионери, хипотека на недвижен имот (станбен простор - станови и  приватни куќи)  во сооднос од минимум 1,5/1 од износот на кредитот, полиса винкулирана во корист на Банката.

Каматни стапки

ДЕНАРСКИ КРЕДИТ СО ДЕВИЗНА КЛАУЗУЛА

  • 4,50% Фиксна каматна стапка за првите 5 години (годишно)
  • Променлива каматна стапка по петтата година-1М Еурибор + 7 п.п., но не помала од 6,50%

*3,54% СВТ за износ на кредит од 50.000,00 ЕУР, фиксна каматна стапка во првите пет години 4,50% и променлива каматна стапка после петтата година (1М Еурибор + 7 п.п.), рок на отплата 240 месеци, провизија за одобрен кредит 0,5%   

*Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 



Останато

* Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.