Миле Зечевиќ

Претседател и независен член на Надзорен одбор

Миле Зечевиќ е дипломиран правник, магистар по казнено право и криминологија.

Своето работно и професионално искуство го започнува во 1998 година како стручен соработник во Владата на Република Северна Македонија, Кабинет на премиерот. Понатаму, работел како стручен соработник во Основен суд Скопје 1 – Скопје, а во периодот од 2001 година до 2002 година е шеф на кабинет во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија. Во периодот од 2002 година до 2003 година бил на позиција заменик-генерален директор на ЈПАУ „Македонија“. Во периодот од 2003 година до 2004 година бил генерален секретар на Влада на Република Северна Македонија при Влада на Република Северна Македонија. За период од две години, односно од 2004 до 2006 година ја обавувал функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи.

Од 2008 година до денес работи како адвокат во сопствената адвокатска канцеларија.

Миле Зечевиќ ја извршува функцијата независен член на Надзорниот одбор од јули 2019 година.

Александра Радевска

Заменик претседател и член на Надзорен одбор

Александра Радевска е дипломиран економист, магистер по економски науки од областа на сметководството и ревизијата.

Својата професионална кариера ја започнува во 2003 година во Друштвото за ревизија и консултантски услуги КПМГ Македонија ДОО Скопје како раководител на тим на ревизија, во периодот од декември 2009 година до март 2012 година работи како менаџер за ревизија во Друштвото за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје. Од 2012 година до март 2019 година е раководител на Секторот за ревизија во Друштвото за производство, трговија и услуги Орка Холдинг АД Скопје, а од март 2019 година е назначена за директор на Оддел за финансиски и сметководствени работи во истото друштво.

Поседува лиценца за работа за вршење работи на ревизија за овластен ревизор.

Александра Радевска ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Банката во неколку мандати од 2013 година.

Стевчо Јолакоски

член  на Надзорен одбор

Стевчо Јолакоски е дипломиран правник, доктор на науки од областа на безбедноста.

Својата професионална кариера ја започнува во 2001 година прво како приправник во Основен суд Скопје 2 ‒ Скопје, а потоа како стручен соработник кај адвокат, понатаму својата кариера ја продолжува на позиција правник во ТИМ ДОО Скопје, а од 2006 година до денес е вработен во Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија. Во моментот е на работна позиција државен советник за патен сообраќај.

Функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола ја извршува од 2017 година.


Иванчо Велјановски

член на Надзорен одбор

Иванчо Велјановски по професија е дипломиран биолог. Својата професионална кариера ја започнува во Фабриката за квасец и алкохол А.Д Битола, каде што и ден-денес работи. Од септември 2012 година до денес ја извршува функцијата генерален извршен директор со неограничени овластувања во рамките на запишаните дејности во внатрешниот и надворешниот трговски промет во Фабриката за квасец и алкохол АД Битола.

Во периодот од 2012 до 2017 година, Иванчо Велјановски ја извршуваше функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Иванчо Велјановски ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор од јули 2019 година.

Игор Камбовски

независен член на Надзорен одбор

Игор Камбовски е дипломиран правник, доктор на правни науки.

Својата професионална кариера ја започнува како советник и државен советник во Канцеларијата на народниот правобранител – омбудсман. Понатаму, работи на Факултетот за правни науки на Првиот приватен универзитет ФОН, најнапред како помлад асистент и асистент од областа на граѓанско – правните дисциплини. По одбраната на докторската дисертација е избран во титула доцент на граѓанско – правната област на Факултетот за правни науки на ФОН Универзитетот, а на 18.9.2014 година е избран во повисока наставно-научно титула – вонреден професор во научна област граѓанско право. За период од една година од септември 2010 до октомври 2011 година Игор Камбовски е избран за декан на Факултетот за правни науки на ФОН Универзитетот. Во мај 2015 година е избран во титула вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, а од септември 2015 година е избран и за раководител на Катедрата за граѓанско право.

Игор Камбовски е автор на педесетина научни и стручни трудови во меѓународни и домашни публикации.

Игор Камбовски ја извршува функцијата независен член на Надзорниот одбор од  јули 2019 година.