Visa Classic е кредитна картичка со можност за користење во земјата и во странство
VISA Classic е бесконтактна картичка наменета за
- Безготовински плаќања во трговската мрежа каде можете да вршите плаќање едноставно и брзо, само со доближување на картичката до ПОС терминалот, без внесување на PIN код за трансакции во износ до 2.500,00 денари
- Елeктронски плаќања
- Подигање готовина од сите банки и банкомати во земјата и во странство каде што е истакнат знакот на VISA, освен во земјите кои не партиципираат во програмата на Visa (ЕMV LIABILITY SHIFT), односно земји оценети со висок степен на ризик. Некои од земјите кои се забранети се: Авганистан, Бангладеш, Белорусија, Боцвана (Јужна Африка), Бразил, Камерун, Централна Африканска Република, Чад, Екваторска Гвинеја, Габон, Конго, Источен Тимор, Индонезија, Камбоџа, Колумбија, Папуа Нова Гвинеја, Швајцарија, Сиера Леоне (Западна Африка), Сингапур, Тајван (провинција во Кина), Тајланд, Украина, Филипини, Хонг Конг, Шри Ланка (Јужна Азија), Јужна Африка, Малезија, Австралија.
Барање за кредитна картичка
Корисни совети за користење на платежни картички
Основни карактеристики
- Картичката Visa Classic овозможуваат плаќање на рати во трговската мрежа во земјата и во странство.
- Користењето на картичката е БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство.
Кредитен лимит
-
До 100.000,00 МКД Согласно кредитна способност на барателот, кредината историја и понуденото обезбедување: |
до 5 плати - ВИП клиенти |
до 3 плати - редовно вработени |
до 2 пензии - за пензионери |
до 1 месечен приход - за вработени на определено, приматели на технолошки вишок и 3то/4то дете |
Критериуми за добивање картичка
- Лица вработени на неопределено време во јавната администрација или кај други правни лица кои имаат редовна исплата на плата во последните три месеци;
- Лица со самостојни професии кои имаат редовна исплата на плата во Банката;
- Лица кои остваруваат редовен приход од продажба на млеко;
- Пензионери кои ја примаат својата пензија на трансакциска сметка во Банката;
- Пензионери кои своите странски пензии ги примаат на сметки во Банката;
- Лица кои имаат орочени парични средства во Банката;
- Лица кои се корисници на потрошувачки кредит во Банката;
- На лица, кои во согласност со својата кредитна способност остваруваат право на поголем лимит, Банката одобрува парична картичка од брендот Visa Gold.
Камата (во зависност од обезбедувањето):
Обезбедување
|
Промотивни услови за сите нови корисници од 01.10.2023 година до 30.06.2024 година:
|
меница и менична изјава, административна забрана на плата;
меница и менична изјава, административна забрана на плата и 1 жирант
|
0% фиксна каматна стапка до 31.12.2023 година. -7,5% фиксна каматна стапка до 31.12.2024 година -По истек на фиксниот период, променлива каматна стапка (составена од Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 3,50 п.п.).
|
меница и менична изјава, административна забрана на плата;
меница и менична изјава, административна забрана на плата и 2 жиранти
|
најмалку 100% наменски орочен каматен или бескаматен денарски/девизен депозит
|
ФИКСНА 3 п.п. над каматната стапка на депозитот
|
Минимален месечен износ на плаќање
5% од вкупниот долг + пресметана камата
(Каматна стапка се пресметува на искористениот износ од одобрениот лимит од страна на Банката и тоа :
• За подигната готовина и провизии од денот на подигнување на готовината и задолжување на провизиите
• За безготовиснки трансакции од 11-ти наредниот месец)
Годишно членство
- Visa Classic - без надомест наредната година за реализиран промет над 100.000 ден. годишно;
- Visa Classic - 1500 мкд. - Годишна членарина за издавање на основна картичка (првата година без членарина).
Дополнителна картичка
- Visa Classic - без надомест, за реализиран промет над 100.000 ден. годишно;
- Visa Classic - 600 денари, членарина во зависност од висината на направениот промет со картичката.
Подигање на готовина на АТМ (банкомат)
- Visa Classic од банкоматите на Банката – 2,5%, минимум – 200 денари, од банкоматите на друга банка во земјата и во странство 3%, минимум – 300денари;
- Подигање на готовина на ПОС-терминал;
- Visa Classic на ПОС-терминал на шалтерите на Банката – 3%, минимум – 200 денари, на шалтерите на друга банка - 3%, минимум – 300 денари.
Проверка на состојба на банкомат
- Проверка на состојба на ATM (банкомат) на Банката - 20,00 ден.
- Проверка на состојба на ATM (банкомат) на друга Банка - 40,00 ден.
Месечен извештаj
- Бесплатен месечен извод –доставен на e-пошта;
- Надомест за доставување извод по пошта 100 денари.
ПИН-код
- За подигање готовина на банкомат, како и за плаќање во трговијата задолжително се користи ПИН-кодот (се добива во затворен плик заедно со картичката). Доколку ПИН-кодот се внесе погрешно три пати, картичката по автоматизам се блокира.
- Услови за одобрување на кредитни картички
1. Лица кои оствaруваат редовни месечни примања од плата/пензија:
- Лично пополнето барање за добивање на Visa Classic, потпишано од клиентот;
- Меница потпишана од барателот;
- Менична изјава потпишана од барателот;
- Административна забрана заверена од работодавецот;
- Потпишан траен налог.
2. Лица кои остваруваат редовни месечни примања по основ на плата, но платата не ја примаат преку Банката:
- Лично пополнето барање за добивање на Visa Classic, потпишано од клиентот;
- Меница потпишана од барателот и еден кредитоспособен жирант;
- Менична изјава потпишана од барателот;
3. За лимит обезбеден со паричен депозит:
- Лично пополнето барање за добивање на Visa Classic, потпишано од клиентот;
- Денарски или девизен паричен депозит во Банката;
- Согласност за блокирање на паричен депозит;
- Договор за обезбедување на парично побарување.
Губење или кражба на картичка
- Во случај на губење или кражба на картичката истата можете да ја блокирате во контакт центарот Касис секој ден во неделата (24/7), на следниот телефонски број + 389 02 3293888