Управен одбор

Александра Радевска

Претседател и член на Управниот одбор

Александра Радевска е родена на 25.11.1979 година во Скопје. По професија е дипломиран економист од областа сметководство и ревизија. Вo 2002 година се здобива со високо образование на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршување на додипломските студии, во септември 2010 година на Институтот за овластени ревизори на Република Северна Македонија стекнува уверение за овластен ревизор. Во јуни 2011 година ги завршува  постдипломските студии, исто така на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје и ја стекнува титулата магистeр по економски науки од областа на сметководството и ревизијата.

Од 2013 година, од страна на Советот за унапредување и надзор на ревизијата добива лиценца за вршење на работи на ревизија за овластен ревизор.

По завршувањето на формалниот дел од образованието, во периодот од март 2003 до јуни 2003 година работи на позицијата асистент за ревизија во Друштвото за ревизија „Б и Љ Ревизија“ ДОО Скопје. Од октомври 2003 година до декември 2009 година работи на повеќе работни позиции: од асистент до шеф на ревизија во Друштвото за ревизија „КПМГ Македонија“ ДОО Скопје.

Понатаму своето професионално искуство го гради на позицијата менаџер за ревизија во Друштвото за ревизија „Грант Торнтон“ ДОО Скопје. На оваа позиција работи од декември 2009 година до март 2012 година.

Во периодот од март 2012 година до март 2019 година работи на позиција раководител на Сектор за ревизија во „Орка холдинг“ АД Скопје.

Од март 2019 година ја извршува функцијата директор на Сектор за финансии и сметководствени работи во „Орка холдинг“ АД Скопје.

Александра Радевска, покрај нејзиниот работен ангажман, од април 2013 година ја врши функцијата член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а од септември 2019 година е член и претседател на Одборот за ревизија на Банката.

Александра Радевска ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во неколку мандати од април 2013 година до јуни 2023 година.

Од јуни 2023 година, Александра Радевска е член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а под нејзина одговорност се следниве сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за финансии, Сектор за контрола на усогласеност на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, Сектор за управување со инвестиции и имот и Сектор за правни работи и решавање проблематични пласмани.

На ден 9.11.2023 година со одлука на Надзорен Одбор бр. 02-15514/1/I-9 г-ѓа Александра Радевска е именувана за претседател и член на Управен одбор.

Информации за контакт: 

тел: (02) 30 87 251

stbbt@stbbt.com.mk

Даниела Ѓоршевска

Член на Управниот одбор

Госпоѓа м-р Даниела Ѓоршевска е родена на 22.08.1990 година во Битола, по професија е дипломиран економист по деловна администрација од областа на финансиите. Високото образование го стекнува вo 2012 година на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

По завршувањето на додипломските студии, во декември 2012 година започнува со работа како Стручен соработник за известување во Стопанска банка а.д Битола.

Во 2017 година се стекнува со уверение за овластен сметководител издадено од Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.

Во 2018 година ги завршува  постдипломските студии по стратегиски менаџмент на Бизнис Академија Смилевски и се стекнува со титула МБА Специјалист за стратегиски менаџмент.

Во периодот од октомври 2019 година до јули 2024 година работи на позиција Раководител на служба за финансии, сметководство и екстерно известување во Стопанска банка а.д Битола.

Од јули 2024 година ја извршува фунцијата директор на Сектор за финансии во Стопанска банка а.д Битола и дополнително како член во следните одбори:

  • Претседател на АЛКО одборот;
  • Претседател на одборот за оперативна ликвидност;
  • Член во Одборот за управување со ризици

Нејзиното долгогодишно професионално искуство во областа на финансиите и сметководството како и нејзиниот повеќегодишен ангажман и работа придонесоја за госпоѓа м-р Даниела Ѓоршевска во јануари 2025 година да биде назначена за член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Информации за контакт: 

тел: (047) 207 507

stbbt@stbbt.com.mk