1. Вовед
Со општите услови за користење на сервисот „ СМС известување на клиентите на Стопанска банка а.д. Битола (во понатамошниот текст: Општи услови) за клиентите на Стопанска банка а.д. Битола (во понатамошниот текст: Банка) се дефинираат правата и обврските за користење на сервисот „ СМС известување на клиентите на Стопанска банка а.д. Битола (во понатамошниот текст: СМС сервис).
2. Карактеристики на СМС сервис
СМС сервисот му овозможува на клиентот преку СМС порака испратена на неговиот мобилен телефон, кој го пријавил во Банката при аплицирање за СМС известување, да добие информација за :
- промена на ТРС ( физички лица) – месечен надоместок
- изврешна транскација со картичка, износот и местото каде е извршена трансакцијата – месечен надоместок
- истекување на рокот на картичката и каде истата може да се подигне ( физичко и правно лице) – без надоместок
- доспеана каматата на депозит ( физичко и правно лице) - без надоместок
- доспеан – неплатен долг по кредит ( физичко и правно лице) - без надоместок
- Други пораки по Одлука на Банката – без надоместок
Доколку еден клиент користи повеќе производи во Банката ( ТРС, платежни картички, кредит, депозити сл.) , со приклучувањето кон сервисот ќе добива СМС известување за секоја трансакција поодделно.
3. Пријавување за користење на СМС сервис
Банката го овозможува користењето на СМС сервисот на сите клиенти ( физички лица ) кои поседуваат ТРС во Банката, платежни картички за физички и правни лица ( дебитни, кредитни ), депозити за физички и правни лица, кредити за физички и правни лица и сл. Начинот за аплицирање за користење на СМС сервисот ќе биде по пат на доставување пополнето барање во експозитурите на Банката.
4. Откажување од користење на СМС сервис
Клиентот може привремено да го блокира користењето на СМС сервисот во случај на губење / кражба на мобилниот телефон, или поради некоја друга причина. Банката привремено ја блокира употребата на СМС сервисот врз основа на писмено Барање поднесено од страна на корисникот на сервисот. Повторната употреба на СМС сервисот се дозволува по добивање на Барање од страна на клиентот. Клиентот може трајно да ја откаже употребата на СМС сервисот преку поднесување на писмено Барање за престанок на користење на СМС сервисот. Банката, без претходно образложение, има право да го прекине СМС сервисот на Клиентот , доколку утврди дека: - клиентот го користи СМС сервисот спротивно на Општите услови на Банката, - нередовно ги подмирува трошоците за месечен надоместок. За прекинување на сервисот, Банката ќе го извести клиентот преку СМС порака.
5. Надоместок за користење на СМС сервис
Клиентот е согласен Банката да му наплатува надоместок за користење на СМС сервисот во согласност со Одлуката за тарифата на надоместоци на услуги на Банката. Надоместокот за користење на СМС сервисот ќе се наплатува на почетокот на секој месец од трансакциската сметка на клиентот на СМС сервисот, без достава на посебна фактура. Доколку Клиентот на СМС сервиот нема доволно средства на својата трансакциска сметка согласен е Банката, без претходна најава, за наплата на своите побарувања по основ на надоместок за користење на СМС сервисот во име и за сметка на Клиентот, да ги употреби постоечките средства на Клиентот во Банката по сите основи или тековните и идни денарски и девизни приливи на неговите сметки во Банката.
6. Заштита на личните податоци и доверливи информации
Банката гарантира за точноста на податоците кои во рамките на СМС сервисот го напуштаат информативниот систем на Банката. Времето на праќање на пораката е времето кога пораката го напуштила информативниот систем на Банката. Банката гарантира за доверливоста и интегритетот на податоците се до моментот на нивното излегување од информативниот систем на Банката. Банката не сноси одговорност доколку, поради технички проблем или привремен прекин во работата на мобилниот оператор или авторизацискиот систем на Банката, се случи ненавремено доставување или недоставување воопшто на СМС известувањето до клиентот. Банката не сноси одговорност доколку, во Барањето за добивање и користење на СМС сервисот, клиентит доставил неточен или туѓ телефонски број на кој треба да се доставуваат СМС пораките. Клиентот се обврзува дека СМС сервисот ќе го користи во согласност со Општите услови и ќе ја извести Банката за сите неправилности во користењето на истиот.
7. Завршни одредби
Со доставување на Барањето за користење на СМС сервисот од страна на Клиентот, се склучува договор за користење на СМС сервисот помеѓу Банката и Клиентот. Банката може во согласност со својата деловна политика да ги промени условите за користење на СМС сервисот, при што е должна да го запознае Клиентот со измените. Клиентот е согласен да биде известен за промената на условите на начини кои Банката ќе ги определи за известување. Доколку Клиентот не се согласува со промената, може да побара прекинување на користењето на СМС сервисот во рок од 15 дена од денот на објавата на измените во условите. Во тој случај е должен на Банката да и достави писмено Барање за откажување на СМС сервисот. Во спротивно ќе се смета дека Клиентот е согласен со измените. Евентуалните спорови предизвикани од недоследно почитување на Општите услови, Клиентот и Банката ќе ги решаваат спогодбено, а доколку тоа не е можно надлежен ќе биде судот во Битола.