Инструменти на обезбедување:
- до 300.000,00 ден. - Меница и менична изјава и административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули. Ако барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот.)
- над 300.000,00 ден. - солемнизација на Договор за кредит со вклучени извршни клаузули. Ако барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот.
Опционално: Ризико полиса
Кредитоспособност:
ДСТИ показател не поголем од 55% за клиенти кои во изминатите 12 месеци биле класифицирани во „А“ категорија на ризик согласно КРИС на НБРСМ, за сите останати ДСТИ показател не поголем од 50%
За сите баратели кои имаат ДСТИ показател над 33%, а немаат имот на свое име, потребно е задолжително вклучување на една од наведените опции:
- Кокредитобарател, за ДСТИ показателот да изнесува до 33%;
- Авалист/ Гарант платец со имот на свое име;
- Жирант на кредит со ДСТИ показател до 50%
- старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот за редовно вработени
- за лица кои не ја примаат платата преку СТББТ, а сакаат да аплицираат за овој продукт мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит. Доколку Банката констатира дека не е испочитувана изјавата за префрлување на плата во предвидениот рок кредитот може да се прогласи за доспеан или да се направи Анекс кон истиот, со што ќе се префрли со највисока важечка каматна стапка за денарски кредити за физички лица, согласно Одлуката за каматни стапки на Банката.