Пакет за јавна администрација

ПАКЕТ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

-  Максимален износ на кредит - до 2.500.000,00 ден

-  Кредитна картичка - Visa/MasterCard Standard 

-  Дозволено пречекорување по трансакциска сметка 

-  Електронско банкарство / Мобилно банкарство - Bank2Go

-  СМС Известување

Карактеристики

Пакетот се состои од  кредит, кредитна картичка, дозволен лимит по ТРС, СМС известување и електронско банкарство/Мобилно банкарство - Bank2Go

Наведените услови важат единствено доколку се искористат сите наведени производи од пакетот

Намена:

  • ненаменски - средствата се префрлуваат на ТРС на корисникот
  • наменски - средствата се користат за затварање на постоечки обврски во банката или други банки (0% од износот може да се искористи ненаменски)

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС: 

до 2.500.000,00 МКД вкупна кредитна изложеност

РОК НА ВРАЌАЊЕ 

 до 95 месеци

 и до 120 месеци 

 

НАДОМЕСТОЦИ:

Трошок за аплицирање на кредит - 700,00 МКД

Провизија за одобрен кредит:

1% - за ненаменски кредити

0% - за рефинансирање од банката или од други банки

    БЕЗ НАДОМЕСТ ЗА ОДОБРУВАЊЕ ВО ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД ОД 1.1.2026 - 31.03.2026

     Кредитна картичка Mastercard standard:

    • Минимален месечен износ за плаќање - 1% од вкупната вредност на направените трансакции + 100% од сите надоместоци, провизии, редовни и затезни камати - Mastercard standard, односно 5% од вкупната вредност на направените трансакции + пресметана камата за картички од брендот Visa

    Дозволено пречекорување на ТРС

    • Административен трошок за одобрување за дозволено пречекорување на сметка:

         300,00 МКД – за лимити до 60.000,00 ден.
         600,00 МКД – за лимити над 60.001,00 ден.

    Услови

    • ДСТИ показател не поголем од 50%
    • старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот

    ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ :

    • до 900.000,00 ден.- Меница и менична изјава и административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана тогаш е потребна Потврда за работен однос)

    • над 900.001,00 ден до 2.500.000,00 ден - задолжителна солемнизација на договор за кредит со вклучени извршни клаузули со имот на свое име. Доколку корисникот нема имот на свое име, задолжително вклучување на гарант платец со имот.

    *Банката го задржува правото за да побара дополнително обезбедување авалист, гарант-платец со имот и сл.

    Каматни стапки

    Задолжително префрлување на личниот доход преку Банката. За лица кои не ја примаат платата преку АЛТА банка АД Битола, а сакаат да аплицираат за овој продукт мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит. Доколку Банката констатира дека не е испочитувана Изјавата за префрлување на плата во предвидениот рок кредитот може да се прогласи за доспеан, да се направи Анекс кон истиот или да се префрли со највисока важечка каматна стапка за денарски кредити за физички лица, согласно Одлуката за каматни стапки на Банката

    Каматна стапка:   

    Без ризико полиса Фиксна за целиот период на отплата 
    Пакет до 95 месеци 4,50%
    Пакет на 120  месеци 4,90%


     *Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 

    Останато

    Целна група:  Вработени во јавна администрација* и вработени во Акционерски друштва и ПЗУ Аџибадем Систина


    *Под поимот „Јавна администрација“ се подразбираат сите државни институции и државни претпријатија, односно институции кои се во доминантна сопственост на државата и се финансираат од буџет.