Кредит за јавна администрација

КРЕДИТ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА 

-  Денарски ненаменски потрошувачки кредит со ризико осигурување - до 1.200.000,00 ден

Карактеристики

Намена:

1/ненаменски - средствата се префрлуваат на ТРС на корисникот

2/наменски - средствата се користат за затварање на постоечки обврски во банката или други банки (30% од износот може да се искористи ненаменски)

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС: 

до 1.200.000,00 МКД вкупна кредитна изложеност

    РАЌАЊЕ

    до 120 месеци

    Надоместоци :

    Трошок за аплицирање на кредит - 700,00 МКД

    Провизија за одобрен кредит:

    1,50% - за ненаменски кредити

    0% - за рефинансирање од банката или од други банки

    Услови

    Задолжително префрлување на личниот доход преку Банката. За лица кои не ја примаат платата преку СТББТ, а сакаат да аплицираат за овој продукт мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит. Доколку Банката констатира дека не е испочитувана Изјавата за префрлување на плата во предвидениот рок кредитот може да се прогласи за доспеан, да се направи Анекс кон истиот или да се префрли со највисока важечка каматна стапка за денарски кредити за физички лица, согласно Одлуката за каматни стапки на Банката

    • кредитоспособност не поголема од 55% рата/плата
    • старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот

    ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ :

    до 600.000,00 ден. - Меница и менична изјава и административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули. За износи над 300.000,00 мкд / 5.000,00 еур, ако барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот.)
    над 600.000,00 ден. - солемнизација на Договор за кредит со вклучени извршни клаузули.

    Опционално: Ризико полиса

    Каматни стапки

    Каматна стапка:   

    Кредит Период на фиксна каматна стапка Период на променлва каматна стапка
    до 3-та година по 3-та година
    Без ризико полиса 6.90% НРКС+ 7 п.п., но не пониска од 9%
    Со ризико полиса 6.50% НРКС+ 6 п.п., но не пониска од 8,5%



     *Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ

    Останато

    Целна група:


    *Под поимот „Јавна администрација“ се подразбираат сите државни институции и државни претпријатија, односно институции кои се во доминантна сопственост на државата и се финансираат од буџет.