Врз основа на член 48 и член 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, СО бр. 02-8051/1/II-4 oд 3.7.2024 година (пречистен текст), и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување седница на Вонредно собрание на акционери, НО бр.02-13574/1/I.1-1 од 10.11.2025 година,
СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА УЧЕСТВО НА ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА
55-тата седница на вонредното Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола на 12.12.2025 година (петок) со почеток во 10:00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр. 21, сала за состаноци на III кат, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I. Процедурален дел
1. Отворање на Собранието
2. Избор на работни тела
2.1. Избор на претседавач
2.2 Избор на двајца бројачи на гласови
3. Констатирање кворум за работа на Собранието
II. Работен дел
1. Разгледување на записникот од 54-тата седница на Собранието на акционери, одржана на 21.5.2025 година
2. Oдлука за измени и дополнувања на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола
3. Oдлука за измена на Одлуката за избор на Друштво за ревизија на Стопанска банка а.д. Битола
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер што има намера да учествува на вонредното Собрание на Банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собрание) најдоцна еден час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават во Банката до Дирекција за управување со Кабинетот на Управниот одбор.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се одвива во согласност со Статутот и со Законот за трговски друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштва и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.
Во согласност со Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен Јавниот повик за одржување на седницата на Собранието на акционери на Банката, односно најдоцна до 19.11.2025 година до 16:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката: www.stbbt.mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговски друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик секој работен ден во просториите на Стопанска банка а.д. Битола (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривоје Радосављевиќ“ бр. 21, Битола, како и на интернет-страницата на Банката www.stbbt.mk.
Стопанска банка а.д. Битола