Кредит за финансирање и рефинансирање на обврски

Кредит
за финансирање и
рефинансирање на обврски

Намена: Финансирање на обврски во корелација од тековно работење а кои се во интерес на подобрување на работењето и со кои се стекнува подобра пазарна позиција. Кредитот може да се користи и за рефинансирање на деловни обврски на други правни лица-партнери со цел индиректно добивање на бенефит или подобри услови за стопанисување на пазарот кои во крајна линија ќе придонесе за поголема ликвидност на клиентот, усогласување на рочна структура на обврските и средствата и други поволности кои значат подобрување на бонитетот на клиентот.


Карактеристики

Износ на кредитот:

Според кредитоспособноста на барателот на кредитот и износот на кредити во други банки

Валута на кредитот:

денари (МКД), денарски кредити со девизна клаузула и девизни кредити

Рок на враќање:

до 15 години со можност за вклучен грејс период

Начин на враќање:

еднакви месечни, тромесечни или полугодишни ануитети, а во исклучителни случаи и годишни ануитети

Услови

Обезбедување:

Согласно Каталогот за обезбедување и политиката на Банката*

Минимално прифатливо обезбедување:

Хипотека над недвижност и/или залог над подвижни предмети и нотарска меница или солемнизиран договор за кредитна изложеност, со извршни клаузули

Каматни стапки

Каматна стапка:

Согласно Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката

Провизија:

Согласно Тарифата на надоместоци и услуги на Банката

Валута на кредитот:

Доколку станува збор за девизни кредити или денарски кредити со девизна клаузула реализацијата и наплатата на кредитот се вршат согласно Одлуката за политика на каматни стапки на Банката