Стопанска банка а.д. Битола е учесник на примарниот Пазар на државни записи склучен помеѓу РМ - Министерство за финансии, Народна банка на РСМ и Стопанска банка а.д. Битола.
Банката учествува на аукциите на државни хартии од вредност во свое име и за сметка на индиректните учесници кои ги спроведува Народна банка на РМ, во согласност со Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност (Сл. весник на РМ бр.99/05, 35/07, 132/07, 68/09, 131/09).
За да се учествува на аукција на државни хартии од вредност потребно е :
- Да се склучи Договор за посредување,
- Да се достави Барање-Образец за купување на државни хартии од вредност,
- Да се изврши уплата на паричниот износ за учество на аукцијата.
Постапка за учество на аукција на државни хартии од вредност
Аукциите се одржуваат на утврдени датуми, во периодот од 11:00 до 12:00 часот, согласно Календарот за емисија на државни хартии од вредност.
Проспектите за аукциите се објавуваат четири работни денови (ден Т-4) пред денот на одржување на аукцијата на веб-страницата на Министерството за финансии.
Минималниот износ за учество на аукција изнесува 10.000,00 денари (секое зголемување на номиналниот износ се врши во заокружени износи од 10.000,00 денари).
На денот на одржување на аукцијата (ден Т) Банката го информира индиректниот учесник за резултатите од одржаната аукција, оделно за неговата понуда и за вкупните резултати од аукцијата.
На денот на плаќање ( ден Т+1), најдоцна до 10 часот, заинтересираните купувачи треба да извршат уплата на дисконтиран износ на средства за купување на државните хартии од вредност, на сметка на Стопанска банка а.д. Битола, 500-0000000001-24, цел на дознака: провизија за купување државни хартии од вредност.
Банката наплатува посредничка провизија во висина од: 0,1% од дисконтираниот износ односно минимум 200 ден. за државни записи.
На денот на достасувањето на државните хартии од вредност Банката го става на располагање номиналниот износ на државните записи на индиректниот учесник на неговата сметка.
За сите дополнителни информации и појаснувања Ве молиме да се обратите во Службата за управување со ликвидност и ALM.
Tелефон: 047 207-535; 207-611