Врз основа на член 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола НО. бр.02-2482/I-2 од 26.3.2015 година (Пречистен текст) и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола НО бр. 02-22961/1/II.1-7 од 21.12.2016 година,
СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА БАНКАТА
39. Собрание на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола, на 22.2.2017 година (среда) со почеток во 12.00 часот, сала за состаноци на трети кат, во Централата на Банката во Битола, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I Процедурален дел
1. Отворање на Собранието
2. Избор на работни тела
2.1 Избор на претседавач
2.2 Избор на двајца бројачи на гласови
3. Констатирање кворум за работа на Собранието
II. Работен дел
- 1. Одлука за измена и дополнување на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола
- 2. Одлука за именување членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, со прилог
- Мислење на Надзорниот одбор на Банката
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собранието) најдоцна 1 час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават во Банката – Сeктор за правни работи и управување со Кабинет на Управен одбор – референт за седници.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот и Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошна и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог-одлуки по точките од дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Барање за вклучување една или повеќе точки во дневниот ред, предлагање одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од испраќањето на јавниот повик за одржување на Собрание на друштвото. За подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt. mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во библиотеката на Банката (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр. 21, Битола, како и на интернет-страницата на Банката www.stbbt.mk.
Стопанска банка а.д. Битола