Платежна дебитна картичка поврзана со ТРС на клиент наменета за плаќање во земјата и странство

  • Можност за одбрување на лимит во висина од 3 месечни плати кои што корисникот на картичката ќе може да ги користи на ПОС и АТМ, без провизија,
  • Можност за одобрување на лимит во висина од 2 месечни плати за подигање на готовина на 3, 6, 9 и 12 рати без камта (само со провизија) на шалтерите на банката. Може да се подигаат средства и на повеќе од 12 рати и тоа 15, 18, 21 и 24 за што дополнително ќе се пресметува и променлива камата во висина од 9,50%

MasterCard Debit е дебитна платежна картичка која нуди можност за безконтактно плаќање. Плаќајте едноставно и брзо, само со доближување на картичката до ПОС терминалот, без внесување на PIN код за трансакции во износ до 2000 денари.

  • Подигање готовина од сите банки и банкомати во земјата и во странство каде што е истакнат знакот на Mastercard, освен во земјите кои не партиципираат во програмата на Mastercard (ЕMV LIABILITY SHIFT), односно земји оценети со висок степен на ризик. Некои од земјите кои се забранети се: Авганистан, Бангладеш, Белорусија, Боцвана (Јужна Африка), Бразил, Камерун, Централна Африканска Република, Чад, Екваторска Гвинеја, Габон, Конго, Источен Тимор, Индонезија, Камбоџа, Колумбија,  Папуа Нова Гвинеја, Швајцарија, Сиера Леоне (Западна Африка), Сингапур, Тајван (провинција во Кина), Тајланд, Украина, Филипини, Хонг Конг, Шри Ланка (Јужна Азија), Јужна Африка, Малезија, Австралија.

Дозволено пречекорување со опција со или без ризико полиса:

  • до 3 плати - редовно вработени
  • до 2 пензии - за пензионери
  • до 1 месечен приход - за вработени на определено, приматели на технолошки вишок и 3то/4то дете

Подигање готовина

  • БЕЗ ПРОВИЗИЈА од банкоматите и од шалтерите на Банката
  • 2,5%, минимум - 250 денари на АТМ на друга банка

Административни трошоци:

  • Административен трошок за одобрување без ризико полиса :

300,00 МКД – за лимити до 60.000,00 ден.

600,00 МКД – за лимити над 60.001,00 ден.

  • Административен трошок за одобрување  за дозволено пречекорување со ризико полиса:

300,00 МКД – за лимити до 60.000,00 ден.

600,00 МКД – за лимити од 60.001,00 ден. до 160.000,00 ден. 

1.200,00 МКД – за лимити од 160.001,00 ден. до 300.000,00 ден. 

2.400,00 МКД – за лимити од 300.001,00 ден. до 600.000,00 ден. 

  • Административен трошок за реодобрување  за дозволено пречекорување со ризико полиса

300,00 МКД – за лимити до 60.000,00 ден.

600,00 МКД – за лимити од 60.001,00 ден. до 160.000,00 ден. 

1.200,00 МКД – за лимити од 160.001,00 ден. до 300.000,00 ден. 

2.400,00 МКД – за лимити од 300.001,00 ден. до 600.000,00 ден.

Каматни стапки:

  • Референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,00 п.п. - за дозволено пречекорување без ризико полиса
  • Референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 7,25 п.п. - за дозволено пречекорување со ризико полиса

Обезбедување:

  • Меница и менична изјава и административна забрана на плата - за дозволено пречекорување без ризико полиса
  • Меница и менична изјава и административна забрана на плата* и колективна ризико полиса издадена од Кроација осигурување а.д. живот - дозволено пречекорување со ризико полиса


Корисни совети за користење на платежни картички

Губење или кражба на картичка

  • Во случај на губење или кражба на картичката истата можете да ја блокирате во контакт центарот Касис  секој ден во неделата (24/7), на следниот телефонски број + 389 02 3293888

Месечна членарина:

  • Debit - 20 ден. месечен надомест за цел период на важење на картичка