Кредит за вработени во приватни фирми

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ

Намена:

  1. Ненаменски – средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот (не е потребно да се бара доказ за намената на кредитот).          
  2. За рефинансирање во банката
  3. За рефинансирање во други банки

Карактеристики

Максимален износ на вкупна изложеност:

- до 1.200.000,00 МКД

Рок на враќање:

- до 95 месеци

Начин на враќање:

со месечна отплата на ануитети   
- административна забрана
- траен налог
- на шалтерите на Банката
- по електронски пат

Надомести за кредитот:

Опис на надоместок

Вид

Висина на надоместок

Трошок за аплицирање за кредит

променлива

700,00 МКД за вработени

Провизија за одобрен кредит

еднократно

1% - за ненаменски кредити
0% - за рефинансирање од банката или од други банки

Трошок за предвремена отплата

променлива

1% доколку кредитот се отплати во период кога каматната стапка е фиксна;
 0% доколку кредитот се отплати во период кога каматната стапка е променлива

Валутна клаузула: денарски кредити

Услови

Целна група и предуслови за одобрување:

Вработени во приватни фирми                                                                                       

  1. Друштвото да постои најмалку 5 години (согласно тековна состојба);
    2. Да нема последователна загуба од работењето за последните 2 години;
    3. Друштвото да нема блокада за непрефрлени плати во последните 12 м;
    4. Друштвото да нема задоцнување во исплата на плати; (согласно фолио број од извод од платежна сметка);
    5. Вработениот да биде вработен повеќе од 12 месеци во фирмата (М1/М2 или извод од платежна сметка);

Каматни стапки

Кредит Период на фиксна каматна стапка Период на променлва каматна стапка
до 3-та година по 3-та година
Без ризико полиса 6.90% НРКС+ 7 п.п., но не пониска од 9%
Со ризико полиса 6.50% НРКС+ 6 п.п., но не пониска од 8,5%

Останато

Инструменти на обезбедување*:  до 300.000,00 ден. - Меница и менична изјава и административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули. Ако барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот.)
над 300.000,00 ден. - солемнизација на Договор за кредит со вклучени извршни клаузули. Ако барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот.

Опционално: Ризико полиса 
Кредитоспособност: ДСТИ показател не поголем од 55% за клиенти кои во изминатите 12 месеци биле класифицирани во „А“ категорија на ризик согласно КРИС на НБРСМ, за сите останати ДСТИ показател не поголем од 50%
      *За сите баратели кои имаат ДСТИ показател над 33%, а немаат имот на свое име, потребно е задолжително вклучување на една од наведените опции:
- Кокредитобарател, за ДСТИ показателот да изнесува до 33%;
- Авалист/ Гарант платец со имот на свое име;
- Жирант на кредит со ДСТИ показател до 50%