Краткорочни револвинг кредити (КРК)

Краткорочни
револвинг
кредити

Намена: Финансирање на обртни средства (плаќање на добавувачите за веќе набавени суровини или репроматеријали, исплата на плати како и други краткорочни обврски) и повремено финансирање на ликвидност. Производот овозможува повеќекратно користење и враќање во рамки на одобрениот лимит.


Карактеристики

Износ на кредитот:

Според кредитоспособноста на барателот на кредитот.

Валута на кредитот:

денари (МКД), девизи, денарски кредити со девизна клаузула и девизни кредити

Рок на враќање:

до 12 месеци

Рок на користење:

најмногу до еден месец пред истекот на рокот на важноста на кредитот

Начин на враќање:

Сукцесивно, според можностите на клиентот но не покасно од датумот на доспевањето на кредитот

Услови

Обезбедување:

Согласно Каталогот за обезбедување и политиката на Банката*

Минимално прифатливо обезбедување:

За износ до 50.000 ЕУР во денарска противвредност минимално обезбедување може да служи нотарска меница или солемнизиран договор за кредитна изложеност, со извршни клаузули

Останато:

За време на важноста на договорот за кредит, клиентот има можност да користи или отплатува дел од кредитот и за истото треба да ја извести Банката по факс, e-mail или друга пишана форма

Каматни стапки

Каматна стапка:

Согласно Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката

Провизија:

Еднократна провизија согласно Тарифата за надоместоци и услуги на Банката (во моментот 0,5% еднократно, миинимум 3.000 денари, максимум 150.000 денари за кредити обезбедени со хипотека над недвижност и залог на подвижни предмети и до 2% еднократно, минимум 3.000 денари за останато обезбедување, освен депозитно обезбедување)

Останати провизии:

2.000 денари манипулативен трошок за одобрено барање

Валута на кредитот:

Доколку станува збор за девизни кредити или денарски кредити со девизна клаузула реализацијата и наплатата на кредитот се вршат согласно Одлуката за политика на каматни стапки на Банката