Детското штедење е долгорочен депозитен продукт за физички лица и е наменет за деца до 18 годишна возраст. Поради тоа, како законски застапник мора да се јави најмалку еден од родителите, што се докажува со Извод од матична книга на родени.

Овој продукт овозможува неограничен број и износи на дополнителни вложувања за целото времетраење на орочувањето на депозитот.

Производот е наменет за деца од нивно раѓање, па се до полнолетство. Секое семејство е потенцијален корисник на продуктот ако се земе во предвид дека подарок за роденден или некоја пригода би можело да биде детска книшка со штеден влог.

Минимален износ на влог: 3.000,00 мкд

Минимален износ на дополнителен влог: 1.000,00 мкд

Начин на пресметка на каматата: Каматните стапки се годишни, фиксни или променливи. Пресметка на камата се врши на месечно ниво.

Начин на исплата на каматата: 1/ месечна исплата на камата 2/ исплата на каматата на крај на периодот (капитализација на каматата)

Начин на преорочување: Доколку клиентот не се изјасни дека сака да го подигне депонираниот износ на средства, најдоцна 5 (пет) дена од датумот на доспевање на депозитот, средствата ќе бидат преорочени согласно важечките услови на Банката во моментот на преорочувањето.

Политика на предвремено разорочување: Во случај на предвремено разорочување на средствата за периодот од моментот на орочување / преорочување до моментот на предвремено разорочување (раскинување на договорот за депозитот) Банката ќе пресмета и исплати камата по видување.


Надомест за предвремено разорочување:  фиксен износ од 1.000,00 ден

Детско штедење

Каматна стапка
на годишно ниво за денари

     Орочени депозити

 Камата

 

      12 месеци

0,80%

      24 месеци

1,40%

      36 месеци

1,60%

над 36 месеци со

променлива каматна стапка

НРКС + 0,32 п.п.