Банката им отвора денарска платежна сметка на резиденти – физички лица, кои остваруваат редовни приливи по основ на плата и други лични примања по разни основи.
При отворање платежна сметка странката треба да приложи важечки документ за идентификација (лична карта или патна исправа), како и пополнети „Апликација/Барање за регистрација на клиент” и „Барање за банкарски услуги - физички лица” .
На сопственикот на платежна сметка Банката му издава потписна картичка со којашто сопственикот може да врши готовински уплати и исплати на шалтерите на Банката. Исто така, при отворање платежна сметка, на сопственикот ќе му се издаде бесплатна парична картичка од брендот на Visa Electron, којашто може да се користи во трговската мрежа во земјата и во странство, како и за подигнување на готовина од АТМ во земјата и во странство.
Информација за состојбата на платежна сметка и нејзините промени сопственикот може да добие бесплатно:
Банката одобрува дозволено пречекорување на платежни сметки на кои пристигнуваат редовни месечни приливи од редовен работен однос - плата или месечни приливи по основ на пензија, по претходно поднесено барање од страна на правното лице за своите вработени или лично, на шалтерите на Банката. За искористеното дозволено пречекорување, Банката пресметува камата во согласност со Одлуката за политиката на каматни стапки.
Дозволено пречекорување со опција со или без ризико полиса:
- до 3 плати - редовно вработени
- до 2 пензии - за пензионери
- до 1 месечен приход - за вработени на определено, приматели на технолошки вишок и 3то/4то дете
Административни трошоци:
- Административен трошок за одобрување : 300 ден - за дозволено пречекорување без ризико полиса
- Административен трошок за одобрување за дозволено пречекорување со ризико полиса:
300,00 МКД – за лимити до 60.000,00 ден.
600,00 МКД – за лимити од 60.001,00 ден. до 160.000,00 ден.
1.200,00 МКД – за лимити од 160.001,00 ден. до 300.000,00 ден.
2.400,00 МКД – за лимити од 300.001,00 ден. до 600.000,00 ден.
- Административен трошок за реодобрување за дозволено пречекорување со ризико полиса
300,00 МКД – за лимити до 60.000,00 ден.
600,00 МКД – за лимити од 60.001,00 ден. до 160.000,00 ден.
1.200,00 МКД – за лимити од 160.001,00 ден. до 300.000,00 ден.
2.400,00 МКД – за лимити од 300.001,00 ден. до 600.000,00 ден.
Каматни стапки:
- Референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,00 п.п. - за дозволено пречекорување без ризико полиса
- Референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 7,25 п.п. - за дозволено пречекорување со ризико полиса
Обезбедување:
- Меница и менична изјава и административна забрана на плата - за дозволено пречекорување без ризико полиса
- Меница и менична изјава и административна забрана на плата* и колективна ризико полиса издадена од Кроација осигурување а.д. живот - дозволено пречекорување со ризико полиса
Банката на своите клиенти им ја нуди опцијата за плаќање со траен налог на редовните месечни трошоци, обврски по кредит, пренос на средства на други платежни сметки во Банката, како и пренос на средства на платежни сметки во други банки.
ТРАЕН НАЛОГ
На позитивното салдо на платежна сметка, Банката исплатува камата по видување во согласност со Одуката за политиката на каматни стапки на Банката.