ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА XXXXVII - ТО СОБРАНИЕ НА БАНКАТА

Врз основа на член 48 и член 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, СО бр. 02-9782/1/II-9 од 29.5.2019 година (пречистен текст), и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување 47.седница на собрание на акционери, НО бр. 02-17613/1/II.1-7  од  5.10.2020 година,


СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА,

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


Ј А В Е Н   П О В И К


ЗА УЧЕСТВО НА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА

 

 

            47-мата седница на собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи на  11.11.2020 година (среда) со почеток во 12.00 часот,  во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр.21, сала за состаноци на III кат, со следниот:


Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

 I. Процедурален дел

1.Отворање на Собранието

2.Избор на работни тела

      2.1 Избор на претседавач

      2.2 Избор на двајца бројачи на гласови

3.Констатирање кворум за работа на Собранието


II. Работен дел

1.Предлог-oдлука за измена и дополнување на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола;
2.Статут на Стопанска банка а.д. Битола (пречистен текст)
3.Предлог-одлука за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, со прилог:

-          Мислење на Надзорниот одбор на Банката кон предлог-одлуката

 

          Се повикуваат акционерите или нивните овластени полномошници да го пријават своето учество на собранието и да гласаат по точките на дневниот ред, за одлуките и материјалите објавени заедно со Јавниот повик со пополнување на образецот за гласање со кореспонденција, кој е објавен на официјалната интернет-страница на Банката: www.stbbt.mk.


            Собранието ќе одлучува само за прашањата што се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.


            Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите со право на глас, кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред, како и одлуки по точките од дневниот ред.


            Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен Јавниот повик за одржување на седницата на собранието на Собранието на акционери на Банката, односно најдоцна до 14.10.2020 година до 16:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката: www.stbbt.mk.


            Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин што е во согласност со Статутот и Законот за трговски друштва, односно преку кореспонденција со пополнување на образецот за гласање со кореспонденција.


            Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на нивното пополнување и за идентификација на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката: www.stbbt.mk.


            Заедно со пополнетиот образец за гласање со кореспонденција, за потребите на идентификацијата, секој акционер - физичко лице е потребно да достави и копија од документ за идентификација (лична карта / патна исправа), a акционер - правно лице е потребно да достави и копија од важечка тековна состојба за правното лице - акционер и копија од документ за идентификација (лична карта / патна исправа) на законскиот застапник на правното лице.


            Образецот во оригинал, заедно со погоренаведените документи за идентификација, со назнака „За 47. седница на Собрание на акционери“, мора да бидат доставени во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, адреса ул. „Добривоје Радосављевиќ“ 21, 7000 Битола, Сектор за правни работи и управување со Кабинетот на Управниот одбор најдоцна до 10.11.2020 година до 16:00 часот.  


            Секој акционер, со писмено полномошно може да овласти друго физичко или правно лице како свој полномошник, кој ќе гласа во негово име, за што е должен веднаш да ја извести Банката, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното. Деталните информации за начинот на овластување полномошник, обрасците за гласање преку полномошник и начинот на известување за овластување полномошник можат да се најдат на интернет-страницата на Банката: www.stbbt.mk.


            Материјалите за Собранието на Банката, како и дополнителни информации, во согласност со Законот за трговски друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Банката на ул. „Добривоје Радосављевиќ“ бр. 21, Битола, како и на интернет-страницата на Банката: www.stbbt.mk.



                                                                   Стопанска банка а.д. Битола                                                                                 




ПОДАТОЦИ ОД АКЦИОНЕРИ 11.11.2020


ПОДАТОЦИ ЗА НОМИНИРАН КАНДИДАТ

ГЛАСАЊЕ ПРЕКУ КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ГЛАСАЊЕ ПРЕКУ ПОЛНОМОШНИК

47. седница на Собрание на акционери – гласање преку кореспонденција

Акционерот може да гласа преку кореспонденција со пополнување на образецот за гласање преку кореспонденција.

Акционерот доставува пополнет образец за гласање преку кореспонденција во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционерот, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот - правно лице.

               Заедно со пополнетиот образец, акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

- За акционер - физичко лице се приложува:

 -   копија од важечка лична карта или пасош.


- За акционер - правно лице се приложува:

 -   последна тековна состојба од Централниот регистар /во оригинал/ не постара од седум дена;

 -   копија од важечка лична карта или пасош на законскиот застапник.

 

Бараната документација мора да биде примена во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, адреса ул. „Добривоје Радосаљевиќ“ 21, 7000 Битола, Сектор за правни работи и управување со Кабинетот на Управниот одбор најдоцна до 10.11.2020 година до 16:00 часот со назнака „За 47-мата седница на Собрание на акционери”.  

Образец за физички лица

Образец за правни лица

Пример за пополнет образец

            Секој акционер, со писмено полномошно може да овласти друго физичко или правно лице како свој полномошник што ќе гласа во негово име, за што е должен веднаш да ја извести Банката, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното. Деталните информации за начинот на овластување полномошник, обрасците за гласање преку полномошник и начинот на известување за овластување полномошник можат да се најдат на интернет-страницата на Банката, односно на следниот линк: Образец 1 - полномошно за овластување полномошник - правно лице; Известување за дадено полномошно за гласање на правно лице; Образец 2 - полномошно за  овластување полномошник -физичко лице; Известување за дадено полномошно за гласање на физичко лице;


ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА БАНКАТА


ВКУПЕН БРОЈ НА АКЦИИ И ВКУПЕН БРОЈ НА ГЛАСАЧКИ ПРАВА

ПРЕДЛОЗИ ОД АКЦИОНЕРИ ПО ПРЕДЛОЖЕНИ ТОЧКИ

ВКЛУЧУВАЊЕ НА НОВИ ТОЧКИ ВО ДНЕВНИОТ РЕД

РЕЗУЛТАТИ ОД ГЛАСАЊЕ НА СОБРАНИЕ


ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО ТОЧКИТЕ ОД ДНЕВНИОТ РЕД

ЗАПИСНИК ОД СОБРАНИЕ